
Иако редовно добива смртни закани и трпи добро оркестрирани кампањи за клевета од Израел и неговите сојузници, Албанезе не престанува да ги повика на одговорност оние што го изведуваат и поддржуваат геноцидот. Таа го критикува она што го нарекува „морална и политичка корумпираност на светот“ што дозволува геноцидот да продолжи а нејзината канцеларија издаде детални извештаи што документираат воени злосторства во Газа и на Западниот Брег.
Албанезе потсетува на кривична одговорност на оние британски властодршци кои се закануваат дека ќе ја повлечат земјата Меѓународниот кривичен суд откако издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант. Римскиот статут ги криминализира оние кои сакаат да спречат гонење на воени злосторства.
Ги потсетува и главните претставници на Европската унија дека ќе се соочат со обвиненија за соучество во воени злосторства поради нивната поддршка на геноцидот, порачувајќи им дека нивните постапки не можат да останат неказнети.
Нејзиниот последен извештај наведува 48 корпорации и институции, меѓу кои Палантиr, Локхид Мартин, Гугл, Амазон, ИБМ, Микрософт, МИТ и други, кои заедно со банки и финансиски гиганти како што е БелкРок, осигурителни фирми, фирми за недвижности и хуманитарни организации, кршејќи го меѓународното право, заработуваат милијарди од окупацијата и геноцидот врз Палестинците.
Државниот секретар Марко Рубио ја осуди нејзината поддршка за МКС, чии четири судии лани беа санкционирани од САД за издавање налози за апсење на Нетанјаху и Галант. Ја критикуваше Албанезе за нејзините напори да ги гони американските или израелските државјани кои го овозможуваат геноцидот и ја обвини дека ширела „нескриен антисемитизам, изразила поддршка за тероризам и отворен презир кон САД, Израел и Западот“. Санкциите најверојатно ќе ја спречат да патува во САД и ќе ги замрзнат средствата што таа можеби ги има во таму.
„Нападот врз Албанезе најавува свет без правила, свет во кој на држави како што се САД и Израел, им е дозволено да извршуваат воени злосторства и геноцид без никаква одговорност или ограничување. Ова го открива нашето лицемерие, суровост и расизам. Никој отсега нема сериозно да ги сфати нашите декларирани обврски кон демократијата, слободата на изразување, владеењето на правото или човековите права. А кој може да ги обвинува? Ние зборуваме исклучиво со јазикот на силата, јазикот на суровоста, јазикот на масовното колење, јазикот на геноцидот“, пишува Крис Хеџис.