„Народот“ е клучен за победнички слоган

Креативен предизборен слоган знае да придонесе за победа, а несмасно склопените може да уништат кариера на политичар. Темелна научна анализа на слогани од целиот свет покажала дека има неколку клучни зборови им се заеднички на многу успешни кампањи. Но, сами по себе не се волшебна формула за изборен успех. Нема многу да им помогнат на „нехаризматични ѓубриња“.

Политичкиот стратег и анкетар Крис Бруни-Лоу тврди дека ја открил формулата за создавање совршен слоган. По анализа на близу 20.000 пораки од кампањи низ светот, тој издвоил осум зборови, за кои вели дека е докажано дека имаат ефект врз гласачи од сите политички убедувања.

Тие се: народ, подобри, демократија, ново, време, силни, промена и заедно. Анализата покажала дека најкористениот збор во победничките политички кампањи бил „народ“. 

Нивното користење само по себе е гаранција за изборен успех. Тие нема да помогнат ако кандидатот што ги користи е нехаризматичен ѓубре, со непопуларни политики. И не може да се комбинираат по случаен редослед, како „Силно ново време“ или „Народ подобри промени“, за да се постигнат резултати, објаснува Бруни-Лоу во својата нова книга „Осум зборови што го променија светот“. 

Тој ги опишува клучните зборови како „емоционални кратенки“ или основни градежни блокови за писатели на слогани на различни јазици и во различни култури. 

Гласачите инстинктивно знаат што ветуваат зборовите „народ“, „подобро“ или „заедно“ без потреба да навлегуваат во политика. Тие се исто така извонредно еластични: социјалист во Јужна Африка, конзервативец во Луксембург и популист во Унгарија, сите можат да го прилагодат истиот збор на сопствената приказна, додава политичкиот стратег.

Особено успешни може да се покажат и изборните слогани осмислени и концентрирани на едно политичко прашање, како „Довршете го брегзитот“ (Get Brexit Done) на Борис Џонсон во 2019 година. Како квалитетен пример експертот го посочува и „Време е“ на Јаков Милатовиќ во претседателската кампања во Црна Гора во 2023 година. 

За „Направете ја Америка повторно голема“ (МАГА), на Доналд Трамп е издвоена цела глава во книгата на Бруни-Лоу. Овој слоган не се вклопува во шемата. Трамп вели дека му се јавил на сон во 2012 година и платил 325 долари за да ги заштити авторските права. Но тоа е копија на „Ајде да ја направиме Америка повторно голема“ на Роналд Реган од 1980. Тоа денес е ирелевантно, зашто Трамп успеа да ја трансформира кратенката МАГА во бренд што ја преобрази политиката во Америка.

Политичарите денес на располагање имаат и јазични модели со вештачка интелигенција, кои не се покажале како претерано креативни, но може да сумираат слогани скроени за одредена популација и да им ги испорачаат преку социјалните мрежи. Зголемен е и научниот интерес. Со магнетна резонанца се следи каков ефект има одредена политичка порака врз струењето на крвта во мозокот. 

Еден од најлoшите слогани воопшто e „Гласајте за Ал Смит и остварете ги вашите влажни соништа“, искористен на претседателските избори во САД во 1928 година. Никому не му било јасно дека Смит всушност мислел на укинување на прохибицијата за алкохол.

Како најдобар, Бруни-Лоу го истакнува „Го сакам Ајк“ (I like Ike) на Двајт Ајзенхауер од 1952 година, придружен со заразна предизборна песничка и цртан филм.

11 јули 2025 - 15:31