Вести

Мигрантите ја прекроија политичката карта на Германија

Неодамнешните регионални избори покажаа како миграцијата ја променила политичката карта на Германија. Натурализираните дојденци, кои годинава прв пат имаа право на глас, ги издвоија Берлин и Истокот во два посебни и спротивставени света. Тоа беше видливо и во кампањата, во која дури и социјалдемократите понудија манифест на четири странски јазици.

Патна карта на Римската Империја:

Сите патишта воделе до - Цариград

Многу од денешните сообраќајни артерии низ Европа се изградени врз патиштата изградени од Римјаните. Анализа на досега најтемелното дигитално мапирање на патната карта од пред 2.000 години покажува дека Рим всушност бил далеку од главниот коридор во античката сообраќајна мрежа. Многу поважни јазли биле Византион, Антиохија, Коринт и Анкира.

Трамп и Си ги спојува магнетна врска

Кинескиот претседател пристигна на самит во Белата куќа вооружен со моќно оружје – доминацијата во синџирот на производство на ретки минерали. САД не можат да најдат алтернатива за кинеските магнети, кои се клучни за воената индустрија, па Трамп е под притисок да прифаќа отстапки на другите отворени теми и да го продолжи трговското примирје со Пекинг.

Речник

Швеѓаните ќе прегласуваат поради изборна измама?

Истрага за измама може да го промени победникот на парламентарните избори во Шведска. Натурализиран сомалиски имигрант кој освоил пратеничко место како кандидат на левицата е осомничен дека им плаќал на гласачи и им делел ливчиња на кои веќе е заокружено неговото име. Ако биде потврдена измамата, Швеѓаните првпат во историјата ќе мораат да прегласуваат.

За пцуење во Грузија се оди во затвор

Судовите низ Грузија се полнат со „безобразници“ откако властите со закон го забранија пцуењето по интернет како дел од кампањата за прочистување на политичката клима во Грузија од токсични поделби. Премиерот ги прогласи вербалното навредување за „оружје што политичките непријатели го користат за дестабилизација на земјата“.

Во доба на роботаксија, Убер се обложува на луѓе 

Убер вложува милијарди во новите автомобили без возачи, но верува дека клучниот фактор за економска исплатливост е да го зголеми бројот на возачи. Компанијата пресметала дека хибридна мрежа во која се вклучени луѓе може да ја зголеми зафатеноста на автономните возила што би носело поголем профит отколку флота составени исклучиво од роботаксија.

Немој ти на мене „цис“

За да се разликуваат мажите и жените од оние што се мислат за мажи или жени, речникот на трансродовата идеологија, за првите воведе термини „цис-мажи“ и „цис-жени“. Но, што ако не сакаш да те нарекуваат цис, согласно правилата што важат за другите? Пресече газдата на Твитер:  „На оваа платформа, „цис“ се смета за навредлив термин“.  

Огромната американска операција да се заштити Лула

Советникот за национална безбедност на САД, Џејк Саливен во август 2021 има прием кај бразилскиот претседател Жаир Болсонаро. Од состанокот излегува загрижен од муабетите на Болсонаро околу регуларност на избори и изборни измами. Од тогаш почнува заедничка акција на американската војска, ЦИА, Стејт департментот, Пентагон и Белата куќа, за заштита на резултатите од изборите во Бразил, која трае повеќе од една година.

Длабочината на дното

Судејќи по твитер-профилот на Урсула фон дер Лајен, нејзината „длабока растаженост“ за стотиците удавени во Егејското море траела цели 23 минути. Европската Унија е во целосен морален банкрот. Во ваква ЕУ, Виктор Орбан би бил посоодветен шеф на Европската комисија – тој барем не се фолира.

Инвазијата на Мексико станува сè поактуелна

Планот за започнување на отворена војна меѓу американската армија и мексиканските картели, кој своевремено беше опишан како уште една сулуда идеја на претседателот Доналд Трамп, денес е поддржан од неколку водечки републикански кандидати за претседател на САД.

Кличко ја има сериозно спукано со Зеленски

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги обвини своите противници дека водат кампања за негово дискредитирање кое треба да заврши со оставка на функцијата.

Воздухот му тера инает на Глазгов

Глазгов од почетокот на јуни воведе зона на ниски емисии во центарот во градот во која не смеат да се возат стари дизели или уште постари бензици. Веќе се добиени првите резултати. Иако никој не знае зошто, загадувањето се зголемило, со нивоа кои некогаш се и над дозволените законски граници.   

Бидете подготвени украинската контраофанзива да издише

Украина е малку веројатно да постигне рапидни и одлучни победи. Она што НАТО треба да го направи е да ја заштити Украина од тоа на Франција и Германија да не почнат да им се тресат колена, пишува Ричард Кемп во текстот за Телеграф.

Педофилот екс-продуцент на Си-ен-ен осуден на 19 години затвор

Казната од 19 години за Џон Грифин е за привлекување и сексуално искористување на 9 годишно девојче. Грифин беше уапсен во 2021 додека се уште беше вработен во Си-ен-ен.

Сметководствена дупка без дно

Минатиот месец Пентагон откри сметководствена грешка во која најде 3 милијарди долари за Украина што претходно ги мислеа за потрошени. Деновиве откри дека не биле 3, туку биле 6,2 милијарди.

Контраофанзивата што пропаѓа и мирот кој можеше да го има

Кога Зеленски го послуша Борис Џонсон да не преговара со Путин, тоа се фалеше како паметен потег. Ретроспективно, катастрофален. „Ако верувате дека ситуацијата е онаква каква што ја пренесуваат меинстрим медиумите, памтите како нè убедуваа дека победуваме во Авганистан?“, потсетува Дејвид Сакс од Крафт Венчрс, своевремено оригиналниот оперативен директор на Пејпал. 

Ја имаме првата премиерка која им се извини на невакцинираните

Од почетокот на пандемијата, Канада беше земја со едни од најдраконските мерки за контрола на населението. Во таа вакцинална хистерија, невакцинираните лесно губеа работни места и не смееа ни да припарат во јавен транспорт или јавни места. Стигна извинување и ветување дека грешките ќе бидат поправени.

Ниту целото оружје пристигнува во Украина, ниту тоа што ќе стигне е секогаш исправно

Украина им има платено на добавувачи стотици милиони долари за оружје кое се уште не е испорачано, а и дел од тоа што им е донирано од сојузниците е во толку лоша состојба што може само да биде демонтирано за резервни делови.

Прогресивците се испоразочараа од сограѓаните муслимани

Пред осум години, американскиот град Хемтрек стана првото место со мнозинство муслимански состав на градскиот совет. Со Трамп и неговата реторика на повидок, либералите од Хемтрек ова го славеа како голем успех на инклузивноста и диверзитетот. Осум години подоцна, муслиманскиот совет забрани ЛГБТ знамиња да се веат на имотот на градот.

Руската пропаганда во Украина создава „одред на бесмртни команданти“

Откако по рускиот дел од интернетот и медиумите почна да се шири информацијата дека во бомбардирањето на Киев е сериозно ранет или загинат, првиот човек на украинското воено разузнавање, Кирило Буданов, истиот тој за украинските медиуми порача дека руската пропаганда создава „одред на бесмртни команданти.“

Пентагон има единица за бранење на американските генерали од Твитер тролови

Единицата која стандардно е задолжена за заштита на највисоките американски офицери од убиство, киднапирање или повреда, изминативе години почна да работи и на откривање и следење на „негативно расположение“ на Твитер кон генералите на американската војска.

Упорно нè лажат за Украина, каде е гневот?

Полски војници се фалат дека вооружени упаѓаат во Русија, земаат заложници, гранатираат стамбени области... Запад нагалено ги вика партизани, а на никој не му текнува дека Русија може да им се сврти, па после Америка да биде обврзана да ја брани Полска, како што предвидува статутот на НАТО.    

Не се преправајте дека ви е до климата ако планирате дете

„Сакате да се борите против климатските промени? Имајте помалку деца!“ порачува британски Гардијан во статија која пренесува која ставка колку ја спасува климата. Бадијала рециклирате, бадијала ставате свеетилки кои штедат, бадијала планирате да се префрлите на електричен автомобил. Ако паралелно со тоа направите и добиете уште едно дете, сè сте упропастиле. 

Науката почна да ги брише жените

Една од најпрестижните научни институции на светот Универзитетот Џон Хопкинс, објави нов водич за инклузивен говор, во кој зборот „жена“ магично исчезна во описот на терминот лезбејка.

Мировен договор имало, а рускиот пораз кај Киев било договорено повлекување?

На мировните преговори одржани во Истанбул пролетта 2022 било договорено и потпишано примирје меѓу Русија и Украина, но во моментот кога Русите се повлекле од Киев, Украинците се откажале од договорот, изјави рускиот претседател на состанокот со африканските лидери во Санкт Петерсбург.

Човек не може веќе на раат ни да се исере

Британскиот национален здравствен сервис има идеја во иднина тоалетната хартија (и гаќите) да доаѓаат со предупредувања и совети во врска со ракот. Сакаат да се подобри навременото откривање на рак на матка, на дебело црево и други карциноми. Некој мислеше дека само на цигарите тоа ќе остане?

Ни Талибанци не можат да им го фатат крајот на американски невладини

Една од ретките добри работи што Талибанците ја прават низ Авганистан, на купот ужаси, е дека се страшно многу ефикасни во уништувањето на посевите со афион и трговијата со дрога. Е сега и тоа не им чини на американските НГО-а и експерти.

Арапската лига не најде никаков геноцид на Ујгурите во Кина

На крајот од мај функционери од Арапската лига беа во посета на Кина и на доминантно муслиманскиот регион Синѓанг и тамошното ујгурско население. На одење дома, нивниот заклучок бил – Кина е закон.

Украинци гинат за својата земја, а неа ја купуваат странци и олигарски

Стотици илјади Украинци загинаа во војната со Русија, верувајќи дека ја бранат својата родна земја. Истовремено, истатата таа земја забрзано паѓа во раце на локални олигарси и странски бизниси. Освен една, сите десет најголеми фирми кои поседуваат земјиште се регистрирани во странство. Државата сега е трет по големина должник на ММФ и тој факт допрва ќе решава како ќе изгледа повоена Украина.   

Илузиите на зелената агенда

На повидок нема разумно решение за складирање на струјата добиена од сонце и ветер, но упорно се негува надеж дека такво чудо сепак ќе се случи. Како од авион да скокнеш без падобран, надевајќи се дека додека паѓаш, падобранот ќе биде измислен, ќе ти биде доставен и ќе успееш да го отвориш пред да треснеш на земја.