Прво беше информацијата за смртта на генералот на целата украинска војска, Валериј Залужниј, кој руските медиуми тврдеа дека загинал на фронтот, а деновиве за смртта на Буданов зборуваше и еден од највлијателните руски новинари Владимир Соловјов, според кого украинскиот разузнавач е во кома во Германија.
Пријавувајќи се дека не е умрен, Буданов деновиве во разговор со Киев пост, порачува:
„Сега во Украина се формира посебна единица на бесмртни команданти - Валериј Залужниј, јас, Степан Бандера, Симон Петљура, Иван Мазепа.
Затоа Русите и нивните пропагандисти имаат уште многу работа во нивната нервозна, хистерична средина.
Одред на бесмртници ќе дојде сред ноќ во соништата на руските граѓани кои сакаа да ја освојат Украина и ќе им создаде кошмари.“
Викендов нова сила на гласините за Залужниј даде една изјава на Путин, според кого украинскиот генерал ја има напуштено Украина. Гласините за Залужниј се должат на тоа што тој освен неколку видео појавувања, долго време не е виден во јавност.