Ако ве збунуваат вакви конструкции:
„Трансродов маж му роди дете на нон-бајнари партнер од женски донатор на сперма“
Тогаш ви треба малко упатство на нашки: тоа што е наречено „трансродов маж“ е уствари жена што се мисли дека е маж. „Нон-бајнари“ се оние „ни ваму ни таму“ (или „и ваму и таму“, сеедно) а женски донор на сперма е маж кој има (барем) тестиси, а се мисли за жена.
А сега кон веста:
Еден твитерција сподели дека откако пишал дека го отфрла терминот „цис“ и не сака да биде нарекуван така, му нагрнале транс-активисти кои го убедувале дека е „цис.“
„Само замислете да беа обратни улогите ,“ прокоментира тој алудирајќи на светото правило на родовата идеологија секој да биде ословуван онака како што сака, односно како што се чувствува.
Секој, ама очигледно не и мажите и жените кои сакаат да бидат ословувани како мажи и жени, а не цис-мажи или цис-жени.
Во ситуацијата се убаци Елон Маск:
„Да повторам, таргетирано вознемирување против која било твитер- сметка ќе повлече минимум привремена суспензија. Зборовите „cis“ или „cisgender“ се сметаат за навреди на оваа платформа“.
Маск веќе подолго време е во отворена војна со транс -активистите, особено кога се работи за деца:
„Активно ќе лобирам да се криминализира правењето тешки, неповратни промени кај малолетни деца. Срам за оние кои го заговараат ова! Тоа е за краен презир,“ пренесовме „Илон Маск: Ова е нешто кое секој родител треба да го види!“