Националниот сервис на Велика Британија веќе е во преговори со супермаркети и синџири на продавници, тоалетната хартија и долниот веш кој го продаваат да имаат предупредувања за рак.
Идејата е луѓето да се научат или потсетат да ги препознаваат раните симптоми на рак и што побрзо да побараат лекарска помош.
Во Велика Британија од рак годишно умираат околу 167.000 луѓе а четирите најчести карциноми се простата, дојка, дебело црево и бели дробови - кои сочинуваат околу 50 проценти од сите дијагностицирани.
Лани над 2,8 милиони лица добиле итни тестови за рак, при што над 328.000 започнале со третман, што е поголем процент од кога и да е.
Марк и Спенсер се согласиле во своите соблекувални да постават постери со упатства за рано детектирање на рак на дојка а производителот на тоалетна хартија Андрекс најавил дека ќе „брендира“ 29 милиони ролни гз папир со „витални информации за ракот на дебелото црево.“
Некој ден ќе ни пишат: „Сите ќе умрете!“