Вести

Мигрантите ја прекроија политичката карта на Германија

Неодамнешните регионални избори покажаа како миграцијата ја променила политичката карта на Германија. Натурализираните дојденци, кои годинава прв пат имаа право на глас, ги издвоија Берлин и Истокот во два посебни и спротивставени света. Тоа беше видливо и во кампањата, во која дури и социјалдемократите понудија манифест на четири странски јазици.

Патна карта на Римската Империја:

Сите патишта воделе до - Цариград

Многу од денешните сообраќајни артерии низ Европа се изградени врз патиштата изградени од Римјаните. Анализа на досега најтемелното дигитално мапирање на патната карта од пред 2.000 години покажува дека Рим всушност бил далеку од главниот коридор во античката сообраќајна мрежа. Многу поважни јазли биле Византион, Антиохија, Коринт и Анкира.

Трамп и Си ги спојува магнетна врска

Кинескиот претседател пристигна на самит во Белата куќа вооружен со моќно оружје – доминацијата во синџирот на производство на ретки минерали. САД не можат да најдат алтернатива за кинеските магнети, кои се клучни за воената индустрија, па Трамп е под притисок да прифаќа отстапки на другите отворени теми и да го продолжи трговското примирје со Пекинг.

Речник

Швеѓаните ќе прегласуваат поради изборна измама?

Истрага за измама може да го промени победникот на парламентарните избори во Шведска. Натурализиран сомалиски имигрант кој освоил пратеничко место како кандидат на левицата е осомничен дека им плаќал на гласачи и им делел ливчиња на кои веќе е заокружено неговото име. Ако биде потврдена измамата, Швеѓаните првпат во историјата ќе мораат да прегласуваат.

За пцуење во Грузија се оди во затвор

Судовите низ Грузија се полнат со „безобразници“ откако властите со закон го забранија пцуењето по интернет како дел од кампањата за прочистување на политичката клима во Грузија од токсични поделби. Премиерот ги прогласи вербалното навредување за „оружје што политичките непријатели го користат за дестабилизација на земјата“.

Во доба на роботаксија, Убер се обложува на луѓе 

Убер вложува милијарди во новите автомобили без возачи, но верува дека клучниот фактор за економска исплатливост е да го зголеми бројот на возачи. Компанијата пресметала дека хибридна мрежа во која се вклучени луѓе може да ја зголеми зафатеноста на автономните возила што би носело поголем профит отколку флота составени исклучиво од роботаксија.

Село гори, Германија воведува сиеста

Економијата која цел континент ја чека малку од малку да почне да дава знаци на живот, одлучи дека заради топлото време може е најдобро помалку да работат отколку до сега.

„Временско слепило“ измислија

Генерацијата што ги има најуникатните оправдувања во постоењето на човештвото сега најде оправдание и за редовно доцнење на работа и слични обврски - имале „временско слепило“ и тоа како дијагноза.

Што беше беше, ќе биде и полошо

Топлотниот бран што го зави Медитеранот е на пат да стане полош благодарејќи на уште еден антициклон кој се подготвува во Сахара и кој ќе постави рекордни температури во регионот.

Аргатите зад вештачката интелигенција

За машинското учење да може само да препознава куче, некој мора претходно да му достава материјали кои ќе му доловат како изгледа куче. Тоа го прави армија нископлатени луѓе чија работа во обуката на вештачката интелигенција е драгоцена но се платени со минималец. 

ЧатГПТ почна да оглупува

Чувството дека новата верзија на ВИ зад ЧатГПТ е малку оглупена деновиве го потврди и заедничка студија на истражувачи од универзитетите Станфорд и Беркли, кои го проучуваа однесувањето на чатботот.

Сан Франциско под клуч

Волгринс, еден од поголемите и поскапи ланци на супермаркети во САД, деновиве ги стави под синџир и катанец сите свои фрижидери за замрзнати производи во маркет во Сан Франциско откако почнаа да достигнуваат и до 20 кражби на ден.

Ако ве интересира зошто пропадна Кредит Свис читајте во 2073-та

Истрагата на швајцарскиот парламент за колапсот на една од најголемите банки во светот, Кредит Свис, ќе остане запечатена во следните 50 години, се тврди до документ на парламентот.

Хорор, геноцид, колеж

Мртви Руси, мртви Украинци, само оставени таму да лежат и не знам зошто, избезумено ја раскажува за Скај њуз ситуацијата на првата линија на фронтот 28-годишниот ирски доброволец Рис Бирн, кој веќе 17 месеци војува во Украина.

Нобеловец против климатската хистерија

Ко-добитникот на Нобеловата награда за физика за 2022 година жестоко го нападна наративот за „климатска вонредна состојба“, нарекувајќи го „опасна корупција на науката што ја загрозува светската економија и благосостојбата на милијарди луѓе“. Др. Џон Клаузер забележува дека погрешната климатска наука „метастазирала во огромна шок-новинарска псевдонаука“.

Нешто го снема министерот за надворешни работи на Кина

Еден од највисоките функционери во кинеската влада, Чин Ганг, исчезна од јавноста по гласините дека ТВ водителка од Хонгконг му била љубовница.

Русија ќе тргнува на Харков?

Русија подготвува армија од 100.000 војници за напад на северниот дел на украинскиот фронт за да го олесни притисокот на југот каде до сега се случува најголемиот дел од операциите од украинската контраофанзива.

Тредс издиша за само една недела

Новата социјална мрежа на Марк Закерберг изгуби повеќе од половина од дневните активни корисници само една недела откако беше пуштена за користење.

Лондонски Трокадеро станува џамија

Сместен во најстрогиот центар на Лондон меѓу Пикадили и Сохо, Трокадеро по некои си 130 години постоење е на пат да стане џамија со капацитет за 390 луѓе, откако беше купен од тајкунот за недвижности Асиф Азиз.

Колкумина би протестирале кога Франција би почнала да одзема државјанства?

Седум од 10 анкетирани Французи се согласни да им се одземе француското државјанство на сите оние со двојно државјанство што учествуваа во немирите во земјата по убиството на алжирскиот тинејџер.

Нападот на Кримскиот мост го сруши договорот за жито?

Официјално заради скриени санкции на рускиот извоз на храна и ѓубриво, Русија вчера се повлече од договорот за жито, со кој се гарантираше испорака на милиони тони жито и маслодајни семки (соја, сончоглед...) неопходни за прехранување на добар дел од планетава.

Украина застана да земе здив

Во првите две недели од контраофанзивата Украина изгуби речиси 20% од своето оружје и оклопни единици, а за возврат доби малку територија. Загубите паднаа како што јуришот беше малку забавен а командантите почнаа да ја менуваат тактиката.

Јелен била на печурки кога се клањаше во Кина?

По слетувањето во Пекинг американската министерка за финансии, Џанет Јелен, прво застанала во ресторан каде меѓу другото изела неколку порции диви печурки, за кои подоцна се дознава дека локално се познати дека имаат „непредвидливи психоделични ефекти“.

За Украина НАТО секогаш значел беља

По распаѓањето на Советскиот сојуз, НАТО постојано флертуваше со идејата дека ќе ја прави Украина своја членка. После последниот самит во Вилнус, Зеленски тешко дека може да се прави изненаден што Алијансата со една рака му даде покана а со другата ја повлече. Алијансата така ѝ прави на Украина едно 30 години.

ЕУтаназија на слободата на говорот

За неполни два месеца, стапува на сила законот по кој прво големите интернет платформи а подоцна и помалите, ќе треба да отстрануваат содржини кои ќе се оценат за непожелни во „цветната градина“, како што ЕУ ја опиша Жозеп Борел. Европската Унија некако мисли дека ќе ја победи авторитарна Русија и комунистичка Кина ако стане поавторитарна и покомунистичка од нив.

Борис Џонсон извади најшвалерско оправдание за да куртули од истрагата за ковид

Поранешниот премиер на Британија не може да ги предаде разговорите од Вотсап на официјалната истрага за коронавирус во Британија, затоа што човекот го заборавил пинот на телефонот.

Веќе не ни има што да се санкционира кај Иран

За САД станува се потешко да ја санкционира иранската индустрија за дронови, бидејќи Техеран почнал да се потпира се повеќе на домашни компании за изработка на леталата што и ги испраќа на Русија.

Гратис викенд фантазирање

Бидејќи секако највозбудливиот дел од играњето лото е зенот во кој влегуваш од фантазирањето од моментот кога ќе уплатиш до моментот кога нема да ти се падне, треба да знаете дека џекпотот за следното извлекување на Пауербол е - 875 милиони долари.

Кина има над 200 пати поголеми капацитети за бродоградба од САД

Разликата во капацитетите на двете држави не е нешто со што се фали Кина, туку нешто на што алармира една презентација на американската Канцеларија за морнаричко разузнавање, чија автентичност е потврдена и од американската морнарица.

А да кажеше фала?

Поплаката на украинскиот лидер за тоа што земјата не доби никаков конкретен датум за приклучување кон Алијансата му даде шанса на Западот да го направи тоа што најдобро го прави - да биде навреден.