„Временско слепило“ измислија

Генерацијата што ги има најуникатните оправдувања во постоењето на човештвото сега најде оправдание и за редовно доцнење на работа и слични обврски - имале „временско слепило“ и тоа како дијагноза.

Целата работа почнува со еднa прилично емотивна тиктокерка која тврди дека и било викано откако го прашала потенцијалниот работодавец дали „прават отстапки за лицата кои страдаат од временско слепило“. Истата девојка ја критикува и работната култура во која работниците остануваат без работа бидејќи се мачат да бидат точни на време.

Без разлика како девојката мина на социјалните мрежи, психолозите тврдат дека оваа појава е честа посебно кај луѓето кои страдаат од АДХД.

„Голем дел од факторите поврзани со АДХД, како проблeми со работната меморија и регулирање на вниманието можат да придонесат за нарушено чувство за време,“ објаснува Смрити Јоши, водечкиот психолог во Виса, ВИ чатботот за ментално здравје.

Британското здравство официјално не ја признава оваа дијагноза но признава дека луѓето кои страдаат од АДХД можат да имаат проблеми со организација и менаџмент на време.

Дел од коментарите на оваа тема по социјалните мрежи се во рамките на „тогаш купи си аларм“ и „јас сум подготвен да прифатам временско слепило, ако ти си подготвена да прифатиш трансакциско слепило“.

22 јули 2023 - 21:24