„Најголем проблем кога влегуваме во рововите е прескокнувањето на сите лешови што веќе се таму од последните момци што влегле - ова се работи што не се забораваат,“ објаснил Бирн.
Кога разговара со Скај њуз, Бирн веќе се пакува да си замине дома по инцидентот што тој го нарекува „последната капка“. Тој добива наредба со својата единица да освои руски ров, и заедно со уште 40 соборци е истоварен во близина на првата фронтовска линија. Таму се без воздушна поддршка и дронови, а за кратко време и двата украински тенкови што се со нив се повлекуваат.
По некое време здогледуваат како им се приближува тенк, за кој погрешно претпоставуваат дека е украински. Одеднаш тенкот истрелува граната сред нивната позиција, преживуваат оние кои биле затскриени во шумата. Тие се спасени само откако од никаде се појавува украински џип кој залутал таму во потрага по сателитски ресивер.
По ова тенкот тргнува да ги брка и неколку пати стрела кон нив но за среќа ги промашува. Бирн признава дека во тој момент излудел од паника и страв. Негов соборец што исто така бил во џипот, објаснува дека тие денес не треба да се живи.