Што беше беше, ќе биде и полошо

Топлотниот бран што го зави Медитеранот е на пат да стане полош благодарејќи на уште еден антициклон кој се подготвува во Сахара и кој ќе постави рекордни температури во регионот.

Предвидувањата се дека новиот бран во понеделник на Сардинија и Сицилија може да донесе температури до 45 степени Целзиусови, новите рекорди ќе се поставуваат како што ќе почне преку Медитеранот да се префрла топлината од северноафриканското време.

Едно од предвидувањата е дека Европа месецов ќе го пробие историскиот рекорд од 48,8 степени Целзиусови, додека Светската метеоролошка организација порача дека екстремното време најверојатно ќе стане „новата нормала“, доколку драстично не се реши загадувањето и климатските промени.

Процената е дека минатото лето во Европа од топлотните бранови починале над 60.000 луѓе.

22 јули 2023 - 20:55