Кореспонденцијата што се бара од него е на телефон што тој не го користи од мај 2021, а во исто време тој не се сеќава со „100% сигурност“ кој е пинот на уредот на кој се наоѓа Вотсап апликацијата.
До минатата недела Џонсон се обидуваше законски да го спречи предавањето на уредот, тврдејќи дека материјалот е „недвосмислено нерелевантен“.
Британската влада имаше рок до 16 часот овој понеделник да и ги предаде сите материјали на истрагата, меѓутоа голем дел од релевантниот материјал е на стариот и моментално недостапен мобилен на Џонсон.
Телефонот е изгасен и безбедно складиран од мај 2021, а според портпаролот на Џонсон моментално технички експерти на владата работат на негово безбедно отклучување. Во исто време и Кабинетот на британскиот премиер проверува да не имаат некаде документ со шифрата на екс-премиерот.