Додека ѕидовите со фрижидери за замрзната храна се под синџир, добар дел од останатите полици се заштитени со пластични прегради исто така под клуч. И ако ова порано се правеше за скапи пијалаци и парфеми, сега под клуч се производи како паста за заби и хартиени марамици.
Дел од маркетите објаснуваат дека секој ден полнат полици со производи како кармин или лак за нокти, и секој ден крадци ги празнат истите полици. Некои пак крадат храна која не ја ни изнесуваат надвор, туку ја јадат на лице место. Еден од најчесто крадените производи е алуминиумска фолија, која главно се употребува при подготвување хероин или фентанил.
Други маркети како дополнителна мерка за безбедност целосно ги покриваат стаклата од излогот со дрвени плочи, иако и понатаму работат, некои додаваат дополнителна рампа пред излез или пак оставаат само еден функционален влез и излез, доколку имаат повеќе.
Маркетите носат ваква одлука и покрај тоа што им е јасно дека со воведувањето на новината ризикуваат да ги изгубат своите редовни муштерии кои плаќаат за тоа што ќе изнесат од маркет.