Во средата ниту еден од играчите на Пауербол не успеа да ја погоди добитната комбинација (23, 35, 45, 66, 67 и дополнителен број 20) па премијата за следното извлекување од 750 стигна до 875 милиони долари. Последен пат Пауербол се падна на 19 април, на ливче купено во Охајо, со награда од 252,6 милиони долари. Од тогаш има 35 извлекувања по ред без ниту еден добитник.
Сегашната награда е шести по големина џекпот во историјата на играта. Најголемата премија се падна во ноември минатата година, кога ливче уплатено во Калифорнија доби 2,04 милијарди долари.
И за идниот милионер важат стандардните правила, или да го добие целиот џекпот во годишни рати, или веднаш да добие половина од сумата. Ако се реши на рати, на добитникот му следува по еден чек годишно во следните 29 години, со тоа што секоја година исплатата е повисока за 5%.
Едно ливче на Пауербол чини 2 долари, шансите да ти се падне џекпотот се 1 спрема 292,2 милиони. Извлекувања има секој понеделник, среда и сабота.