Предупредувањето доаѓа од портпаролот на украинската армија, Серхи Херевати, и според него руските сили на северот се составени од 100.000 војници, над 900 тенкови, 550 артилериски системи и 370 ракетни системи. Тие веќе почнале со гранатирање на Купјанск со по 500 проектили на ден.
Купјанск е град на некои си 100 километри пред Харков, кој Украинците ги ослободија во офанзивата во септември минатата година. Изјавите на Черевати се потврдени и од високи украински офицери.
Руските медиуми тврдат дека нивните сили до сега напредувале повеќе од еден километар во правец на Купјанск. Наспроти нив, руските воени блогери потврдија дека нивната војска успеала да го освои само селото Новоселскоје, но не и нешто повеќе.
Британски Телеграф забележува дека значително е сменет и јазикот што го користат украинските команданти, кои од почетниот оптимизам и еуфорија околу контраофанзивата, сега се повеќе зборуваат за бавно но сигурно напредување против руската одбрана.
Генерал-полковник Олександар Сирскиј, командантот на украинските копнени сили, во интервју за Би-би-си деновиве изјави дека напредокот на контраофанзивата оди поспоро од тоа што тој би сакал.
Трупањето руски сили на северот беше потврдено и од разузнавачкиот извештај на британското министерство за одбрана. Британците потврдија и дека освен некој мал напредок на Днепар и околу Бахмут, Украинците ја немаат пробиено првата линија на руската одбрана.