Јелен била на печурки кога се клањаше во Кина?

По слетувањето во Пекинг американската министерка за финансии, Џанет Јелен, прво застанала во ресторан каде меѓу другото изела неколку порции диви печурки, за кои подоцна се дознава дека локално се познати дека имаат „непредвидливи психоделични ефекти“.

„Знам пријател кој по грешка ги изел и три дена халуцинираше,“ и „мислиш дека одиш право а одеднаш паѓаш на страна,“ се дел од искуствата од јадењето на оваа печурка што локалците ги споделуваат со Си-ен-ен.

Минатата година Ботаничкото друштво на Јунан, провинцијата во која расте печурката, во списокот на отровни печурки од провинцијата ја додаде и сортата што и била послужена на Јелен, џијан шу чинг. Ваквото категоризирање предизвикало дебата дали оваа печурка треба и понатаму да биде служена во локалните ресторани.

Стравовите на ботаничарите биле засенети од популарноста на јадењето од овие печурки, па тие и понатаму продолжуваат да се служи во Јунан и низ Кина. Наводно, ако целосно ги свариш, им ги вадиш сите халуциногени својства.

По посетата на ресторанот, Јелен има средба со кинескиот колега Хе Лифен, кога и се случува сега неславното клањање.

17 јули 2023 - 09:41