Вести

Трамп и Си ги спојува магнетна врска

Кинескиот претседател пристигна на самит во Белата куќа вооружен со моќно оружје – доминацијата во синџирот на производство на ретки минерали. САД не можат да најдат алтернатива за кинеските магнети, кои се клучни за воената индустрија, па Трамп е под притисок да прифаќа отстапки на другите отворени теми и да го продолжи трговското примирје со Пекинг.

Швеѓаните ќе прегласуваат поради изборна измама?

Истрага за измама може да го промени победникот на парламентарните избори во Шведска. Натурализиран сомалиски имигрант кој освоил пратеничко место како кандидат на левицата е осомничен дека им плаќал на гласачи и им делел ливчиња на кои веќе е заокружено неговото име. Ако биде потврдена измамата, Швеѓаните првпат во историјата ќе мораат да прегласуваат.

За пцуење во Грузија се оди во затвор

Судовите низ Грузија се полнат со „безобразници“ откако властите со закон го забранија пцуењето по интернет како дел од кампањата за прочистување на политичката клима во Грузија од токсични поделби. Премиерот ги прогласи вербалното навредување за „оружје што политичките непријатели го користат за дестабилизација на земјата“.

Речник

Во доба на роботаксија, Убер се обложува на луѓе 

Убер вложува милијарди во новите автомобили без возачи, но верува дека клучниот фактор за економска исплатливост е да го зголеми бројот на возачи. Компанијата пресметала дека хибридна мрежа во која се вклучени луѓе може да ја зголеми зафатеноста на автономните возила што би носело поголем профит отколку флота составени исклучиво од роботаксија.

Обединетите нации се корисен театар

Секој септември, кога заседанието на Генералното собрание на ОН го парализира сообраќајот,  њујорчани се прашуваат: Која е поентата на глобалниот политички театар? Обединетите нации не се „почетокот на светска држава“. Најдобро функционираат во поограничена улога, кога делуваат како форум за државите, а не како повисок авторитет над нив. 

Работната недела се растегнува на шест дена

Идејата за четиридневна работна седмица веќе е напуштен. Се прифаќа нова шема на работа и во неделите. Наместо да ги набиваат работните часови во помалку денови, работниците едноставно ја прошируваат работата на шести ден, делејќи го времето на нелинеарни блокови прилагодени на родителските обврски, нивото на енергија или личните задачи.

Доналд Трамп повторно номиниран за Нобелова награда

Номинацијата на Трамп се базира на неговата заслуга за постигнување на Аврамовите спогодби меѓу Израел и Арапите, која според предлагачите се уште го нема добиено заслуженото признание.

Војната испадна добра за руската економија

Војната во Украина не е добра само за американскиот воено-индустриски комплекс, како што обично во САД се правда масовното праќање оружје на Украина, од аспект на зголеменото производство и работните места во тој комплекс. Затоа што и Русија има воено-индустриски комплекс. ММФ сега тоа го признава и ги менува прогнозите за Москва. 

Зеленски ја подвитка опашката

Украинскиот претседател се откажал од смената на генералот Валериј Залужниј, барем за сега, откако добил закана дека заедно со Залужниј ќе заминат и највисоките офицери на украинската армија.

Зошто можеби е предоцна за Западот да избегне војна

Првиот човек на норвешките вооружени сили предвидува дека Западот има две до три години за да се подготви за војна со Русија, Трамп победува на Њу Хемпшир, а Путин кон крајот на минатата недела се појавува во Калининград, сето ова аналитичарот на Телеграф го смета за причина што Британија за прв пат по децении е преплашена од започнување на Трета светска војна.

Донатори на вечни хемикалии

Студија открила дека оние кои донираат крв и крвна плазма, полесно се ослободуваат од таканаречените вечни хемикалии кои се неуништиви а ги има насекаде во човековата околина. Веста е добра за оние што донираат, но отвора проблем за оние што примаат, затоа што тие концентрации не се мерат. Дали некои сега ќе донираат крв само за да си го исплакнат организмот?

Грција, американски спотер за достава на оружје за Украина

Како што блокадата на Републиканците за нова воена  помош за Украина се одолговлекува во четврти месец, администрацијата на Џо Бајден најде итар начин да им доставува оружје и муниција на украинските сили. Им даваат оружје и воена опрема на Грците за овие потоа да им даваат на Украинците.

За да не бидете посиромашни, мора да бидете сиромашни

Јасната економска математика покажува дека колку повеќе луѓето инсистираат да го задржат својот економски статус со зголемување на платите, толку повеќе придонесуваат кон растот на инфлацијата. Решението е или да се откажат од повисоки плати или да се откажат од пониска инфлација.

Маск не може да добие бонус поголем од 55 милијарди долари

Судија во Делавер, американска држава во која е регистрирана компанијата Тесла, пресуди дека пакетот компензации кој Маск го добива за она што го прави за компанијата не може да биде поголем од 55 милијарди долари. Значи, може да си купи уште еден Твитер (за кој плати 44 милијарди) а другите 11 милијарди, за што попрво... Маск предлага, ако не ви се плаќа, дајте акции.  

Застрашувачка (нуклеарна) верзија за смената на Залужни

Последно што објави Гардијан е дека Зеленски побарал од Залужни да даде оставка но популарниот командант на украинските вооружени сили одбил па се очекува да биде сменет. Ако е вистина тоа, Ким Дотком има една морничава верзија што се случува зад кулисите на оваа битна кадровска смена. Според него, конците ги влече „вистинскиот претседател на Украина,“ Викторија Нуланд.   

Џон Стујарт се враќа дома

Нов водител и извршен продуцент на водечкото шоу на Комеди централ ќе биде човекот што го прослави и го претвори Дејли шоу во бренд и најпопуларниот водител на шоуто - Џон Стујарт.

Амстердам сака да легализира кокаин

За да се намали ќарот и исплатливоста на нелегалната продажба на кокаин, градоначалничката на Амстердам побара регулирање на продажбата и употребата на супстанцата, слично на формулата што беше искористена за марихуаната.

Кој и кога ќе бара одговорност од доктор Фаучи?

Доктор Ковид зачудувачки лесно проаѓа во медиумите иако е вклучен во многу контроверзни аспекти на пандемијата. За некои работи и натаму е убеден дека не била направена штета, за други дека е направена штета аама други се одговорни, а за некои работи кои во негова ера беа доминантна догма, допрва признава дека немале никаква научна основа. Социјалната дистанца, на пример.

Трудо го претерал

Активирањето на Законот за вонредни ситуации за задушување на протестот камионџиите било спротивно на канадскиот устав, пресуди Федералниот суд на Канада. Според судот, либералната влада на Канада неуставно и неоправдано го употребила законот како одговор на блокадите од Конвојот на слободата.

Масакр во бизнисот со медиуми

Тоа што речиси дузина меинтстрим американски медиуми отпуштаат илјадници свои вработени и новинари покажува дека медиумскиот бизнис оди лошо. Тоа што ова се случува во изборна година која уште од сега се смета за историски важна, покажува дека бизнисот само ќе оди на бетер.

Волстрит журнал го с'ска Бајден да удри на Иран

Едиторијал во влијателниот американски весник директно го прозива Бајден и неговата нерешителност за последните американски жртви на Блискиот исток. Американскиот претседател предолго се сведувал на празна реторика која звучи сè пошупшливо и му се предлага отворено да влезе во регионален конфликт. Како прво, да потопи еден ирански брод, на пример.

Кралската морнарица сфаќа колку заостанува

Американско-британската воена коалиција против Хутите не само што ги фрустрира Американците заради индифирентноста на европските сојузници од НАТО иако се засегнати и повеќе од САД, туку ги покажа и сите разлики меѓу американската морнарица и онаа на Велика Британија. Англичаните сфаќаат дека се многу назад и тоа Американците отворено им го кажуваат.  

Западот го прекина финансирањето на агенцијата на ОН за палестински бегалци

Најмалку 9 од најголемите и најбогати држави на светот речиси синхронизирано го запреа финансирањето на УНРВА откако беше откриено дека вработени на агенцијата на Обединетите нации учествувале во нападот на Израел од 7 октомври.

Како џебна ламба направи штета од 4 милиони долари

Заборавена џебна ламба оставена пред моторот на Ф-35 ловец за време на редовен сервис во авионската база во Аризона, предизвикала штета од речиси 4 милиони долари на првото палење на моторот.

Не е сè во прецизноста, има нешто и во позата

Јапонија стана петтата држава чие летало има слетано на Месечината (после Советскиот сојуз, САД, Кина и Индија). Слетувањето на нивното летало се смета за исклучително прецизно. Како врвен резултат се смета ако се приземји не подалеку од сто метри од посакуваната цел. Јапонците го слетале своето летало на помалку од десет метри. Со еден мал проблем.

Во ЕУ допрва нема да се влегува

Британците ги фаќа паника од новите правила за влез во ЕУ и проценуваат дека ќе им се направат огромни редови за излез. Новата гранична шема на унијата треба да стартува на есен, и освен плаќање за електронска авторизација (ЕTIAS), покрај пасош, ќе требаат и отпечатоци од прсти и фотографија. Англичаните проценуваат дека за да излезат кај Довер, би можело да се чека и по 14 саати.

Знаеле за миокардитисот, ама нејќеле да паничат

Највисокиот американски авторитет за јавно здравје не испратил предупредување во врска со ковид вакцините и воспаление на срцето затоа што официјалните лица биле загрижени дека ќе се предизвика паника, покажува службен меил до кој дошол Епок Тајмс. Додека тие воделе сметка за својот имиџ во јавноста, мРНК вакцините масовно беа штанцани. 

Диши, диши, не диши

Во Алабама е извршена првата егзекуција на затвореник осуден на смртна казна со помош на азот. Викаат дека тоа било похумано отколку со инекција со смртоносен коктел, како што вообичаено се изведува смртната казна во САД. Похумано? Јадников се мачел и се копрцал цели 22 минути пред да умре. Но, тоа не е сè. Претходно го имаат убивано четири саати. 

Тесла само што се олесни за 80 милијарди

Акциите на Тесла паднаа за над 12%, откако берзата беше предупредена дека растот на продажбата годинава може да биде значително послаб отколку во 2023 година. Годишната заработка на Тесла, објавена ден претходно, исто така беше под очекувањата на Волстрит. Овие две работи инстантно избришаа околу 80 милијарди долари од берзантската вредност на компанијата на Илон Маск.

Калифорнија, онаму каде што слободата оди за да умре

Некогаш синоним за слобода и животни шанси, денес Калифорнија пишти под разбудената агенда на гувернерот Гавин Њусом и суштински еднопартиската држава на која може да позавиди и кинескиот претседател. Децата во Калифорнија денес повеќе знаат за клима и зелени каузи отколку таблица за множење или граматика. А наскоро и рагби ќе им забранат.