Трамп бил клучен за постигнување на спогодбата потпишана во септември 2020 меѓу Израел и Бахреин и Емиратите, а подоцна слични договори Израел потпиша и со Судан и Мароко. Целта на договорите е нормализирање на односите меѓу Израел и арапскиот свет.
Поранешниот американски претседател е номиниран од републиканската конгресменка Клаудија Тенеј чие објаснување е дека на Трамп му успеало тоа што на други „професионалци“ не им успева со децении.
„Херојските напори на претседателот Трамп во создавање на Абрамовите спогодби се без преседан и остануваат непризнаени од Комитетот за доделување на Нобеловата награда за мир,“ изјавила Тенеј.
Таа објаснува дека мировниот договор меѓу Израел и Египет од 1976 и Спогодбата од Осло во 1994 добиле Нобелова награда за мир, додека улогата на Трамп за Аврамовите спогодби и понатаму не се признаени.
Трамп до сега три пати е номиниран за Нобеловата награда за мир.