Џабе да се мачи човек

Маск не може да добие бонус поголем од 55 милијарди долари

Судија во Делавер, американска држава во која е регистрирана компанијата Тесла, пресуди дека пакетот компензации кој Маск го добива за она што го прави за компанијата не може да биде поголем од 55 милијарди долари. Значи, може да си купи уште еден Твитер (за кој плати 44 милијарди) а другите 11 милијарди, за што попрво... Маск предлага, ако не ви се плаќа, дајте акции.  

Илон Маск нема право на пакет компензација од бордот на директори на Тесла кој потенцијално би вредел повеќе од 55 милијарди долари, одлучи судија во Делавер.

Пресудата доаѓа цели пет години откако беше поднесена акционерска тужба против ЦЕО-то на Тесла и директорите на компанијата која произведува електрични коли и соларни панели, за губење корпоративни средства и неоправдано богатење.

Тужбата бараше пакетот за компензација да биде поништен бидејќи бил диктиран од Маск и бил резултат на фиктивни преговори со директори кои не биле независни од него. Се тврди дека пакетот бил одобрен од акционери на кои им биле дадени погрешни и нецелосни податоци.

Одбраната возврати дека планот за плаќање бил ферски испреговаран со комисијата за компензација чии членови биле независни и содржел току високи бенчмаркови за перформансите што се чуделе и некои инвеститори од Волстрит. Адвокатите тврдеа дека Маск немал контрола на страната со која преговарал бидејќи во тоа време поседувал помалку од една третина од компанијата. Дополнително бил одобрен од акционерите иако според законите на Делавер, тоа не било неопходно.

По пресудата, Маск на својата платформа Икс советуваше да не се регистрираат компании во Делавер и дека Невада или Тексас се подобри решенија.

Претходно, тој му фрли ракавица на одборот на Тесла да изготви нов план за негова компензација со која би можел да добие 25% од акциите во компанијата. Маск моментално поседува 13%, и оценува дека со 25% од акциите, нема да може да ја контролира компанијата, но ќе има влијание соодветно на неговиот учинок.

 

31 јануари 2024 - 09:43