Двајца членови на еден конгресен поткомитет обелоденија дека на сослушување зад затворени врати, највлијателниот авторитет на јавното здравје за време на пандемијата им рекол дека не е убеден дека децата нешто изгубиле од обрзавованието заради карантините и затворените училишта.
Ако е така, човекот кој еднаш кажа „Јас ја претставувам науката“ намерно ги игнорира убедливите податоци од Националната оценка за напредокот во образованието кои покажуваат драматичен пад на резултатите од читање и математика. Падот е особено голем кај учениците од посиромашните училишта, што ги влошува нееднаквостите во системот.
„Не постои западна земја каде што затворањето на училиштата не им наштети на децата. Практично секој родител и повеќето воспитувачи се согласуваат дека загубата на учење е голема. Зошто Фаучи не е убеден?“, се прашува доктор Кори Френклин.
Фаучи очигледно има куса меморија. Тој тврди дека е невин за затворањето на училиштата и одговорноста за тоа ја префла на школските служби.
„Покажете ми училиште што ја го затворив... Нема такво.“
Се разбира, Фаучи лично не затворил ниту едно училиште, но неспорно е дека целата држава, синдикатите на наставниците, локалните власти и училишните области се фаќаа за секој негов збор. Неговите совети и упатства, повеќе од кој било друг поединец, поттикнаа масовно затворање на училиштата.
Ова не е единственото прашање за кое медиумите засега му даваат бесплатен пас на Фаучи. Со елан на кој би завидел и еден Мухамед Али, тој се нафрли и навлезе и во други контроверзи околу ковидот, вклучително потеклото на вирусот, потребното растојание меѓу луѓето за да се избегне вирусно ширење и слично.
За последново, онаа фамозна дистанца од два метра, Фаучи вика дека тоа правило, без никаква научна основа, се појавило „од нигде никаде“.
Сега ни кажува.