Американскиот центар за контрола и превенција на болести (CDC) во 2021 година имал подготвено нацрт предупредување за врските меѓу миокардитисот и вакцините на Фајзер и Модерна и се чини дека биле подготвени да го објават преку системот за алармирање на здравствените инсистуции, покажуваат внатрешните документи.
Алармот никогаш не беше испратен.
Се расправало за добрите и лошите страни на пуштање на едно такво известување но надлежните не сакале да изгледаат како паничари.
„Одлуката на CDC да не издаде промптно предупредување до лекарите за зголемениот ризик од миокардитис и перикардитис кај вакцинирани лица не само што е неоправдана, туку е е злоупотреба и небрежност“, коментира сенаторот Рон Џонсон од Комитетот за внатрешна безбедност и владини прашања на Сенатот.
Тој порачува дека ЦДЦ никогаш не треба да дава приоритет на тоа како ќе биде перцепиран во јавноста и бара одговорност од надлежните иако засега е нејасно кој конкретно решил за предупредувањето да не се дознае.
Ким Вицак, застапничка за безбедност на лекови, која помогна да се убедат регулаторите да додадат предупредување за самоубиство кај антидепресивите, рече дека потегот на Центарот да го минимизира воспалението на срцето се вклопува во долгогодишниот модел на нетранспарентност на агенциите и компаниите за лекови.
„Не ми се верува дека дискутирале за тоа дали да алармираат или не. Треба да ги алармираме луѓето! Луѓето треба да знаат за потенцијалните проблеми со кои можат да се соочат“, изјави таа.