Така досега правеа Германците со нивната циркуларна трговија со оружје наречена Рингтауш. САД ѝ подаруваат на Грција вишок оружје со идеја Грција да ѝ донира на Украина дел од својот вишок оружје.
Катимерини и други грчки медиуми, обелоденија дека на грчката влада ѝ се понудени патролни чамци, пар авиони, борбени возила, транспортни камиони....
Цаката е што сиот тој хардвер се третира како воен вишок и на Грција ѝ се дава бесплатно со што премостуваат блокадите од домашните политички конкуренти.
Федералниот закон му дозволува на американскиот претседател да прогласи воени системи за вишок, да им додели вредност и од нула долари и да ги подари, под услов примачот да ги транспортира. Формално, така може најмногу до 500 милиони долари но истиот закон не ја диктира вредноста што претседателот ќе ја додели на даденото оружје.
Во писмото до грчкиот премиер Мицотакис, американскиот државен секретар Антони Блинкен ги опиша бродовите, авионите, моторите и возилата како „бесплатни отстапки“.
Подароците за Грција, Американците си ja засладуваат со поголем пакет оружје што вклучува 40 стелт-ловци Lockheed F-35, кои Грција ги купува за 8,6 милијарди долари.
„Продолжуваме да бидеме заинтересирани за одбранбените капацитети што Грција би можела да ги пренесе или продаде на Украина“, напиша Блинкен.