Волстрит журнал го с'ска Бајден да удри на Иран

Едиторијал во влијателниот американски весник директно го прозива Бајден и неговата нерешителност за последните американски жртви на Блискиот исток. Американскиот претседател предолго се сведувал на празна реторика која звучи сè пошупшливо и му се предлага отворено да влезе во регионален конфликт. Како прво, да потопи еден ирански брод, на пример.

За неодамнешната смрт на тројца американски војници во Јемен медиумот ја обвинува политиката на Џо Бајден дека предолго се заканувал со празна пушка а правeл премалку на воен план.

Едиторијалот предлага како одговор на најновиот удар на Американците да се потопи ирански брод за „мулите да ја разберат пораката.“ Во спротивно, се предвидува, нацијата ќе мора да се помири со слични вести во иднина. Неизбежно било САД поактивно да се вклучат во регионален судир со Иран или да чекаат нови жртви.

„Тажна е вистината дека овие жртви се резултат на политичките одлуки на претседателот кој од октомври до сега дозволи преку 150 напади на ирански прокси-групи на американските сили на Блискиот исток,“ пренесува Политика.

Вашингтон предолго се сведувал на реторички закани и преретко одговарал со воени мерки. Се оценува дека уверувањата на Бајден звучат сè пошупливо и дека тој нема друг избор од тоа да одобри возвратни напади, не само на директните извршители туку и на Иран кој стои зад нив (иако тоа се демантираше).

Меѓу предлозите е еден ирански брод кој плови по Црвеното море да се испрати на дното, што би било знак за Техеран да се смири.

Во спротивно, на Бајден му се предвидува судбината на Џими Картер.

Весникот не е единствениот кој навива за воена опција.

29 јануари 2024 - 15:27