Како џебна ламба направи штета од 4 милиони долари

Заборавена џебна ламба оставена пред моторот на Ф-35 ловец за време на редовен сервис во авионската база во Аризона, предизвикала штета од речиси 4 милиони долари на првото палење на моторот.

Истрагата околу инцидентот кривицата ја припишува на сервисерот кој не ги следел насоките на американската авијација, и со заборавената ламба успеал да предизвика штета на 14 милиони долари вредниот мотор, кој повеќе не можел локално да се поправи.

Дел од вината паѓа и на нешто што се нарекува Систем за автономна логистичка информација (АЛИС), кој не реагирал како што треба. АЛИС е замислен како интеграција на повеќе операции, одржување, прогнозирање, набавка, поддршка, обука и технички податоци, „меѓутоа системот имал проблеми со недостаток на конективност, проблематичен интерфејс и друго.“

Инцидентот се случил за време на 3-член сервис на Ф-35 во кој се инсталирал мерач во дотокот на гориво на моторот на авионот и проверка на протечување дур моторот бил активен. За време на проверката еден од сервисерите користел рачна ламба која ја оставил на самиот раб на моторот.

Кога негов колега ја почнува проверката со вклучен мотор, таблата во кабината не покажала оштетеност на моторот од страно тело, но како што моторот почнал да се гаси, сервисерите пријавиле „абнормални звуци.“ По ова направена е уште една проверка во која е идентификувана штетата, додека сервисер го преброил алатот и заклучува дека се минус една џебна сијалица.

Од џебната сијалица меѓу друго направена е штета на роторите за втора, трета, пета и шеста фаза, системот за гориво, компресорот за висок притисок и турбината за висок притисок.

29 јануари 2024 - 10:56