Апокалиптичноста на отпуштањата за медиумскиот бизнис ја потврдува и изненаденоста на аналитичарите од истите, чија проценка беше дека заради острите кратења на вработените што се случуваа во 2023, годинава треба да биде помирна и постабилна.
Меѓу медиумските компаниите што кратат вработени се Бизнис инсајдер кој отпушта 8 проценти од преостанатите вработени. Уредништвото на Њујорк дејли њуз излезе на протест заради постојаното кратење на вработени, а ЦЕО-то на Парамаунт предупреди дека компанијата планира нова рудна отпуштања. Лос Анџелес пост најави планови за отпуштање на 115 вработени, групацијата Конде наст под која има бројни медиуми под себе ќе отпушти 5% или 300 вработени од најразлични медиуми, а Спорт илустрејтед речиси ја збриша цела редакција.
Освен отпуштања неколку медиумски компании решија да продаваат некои од своите најпрепознатливи брендови. Базфид е во преговори за продавање на брендовите Комплекс и Тејсти, Ред Венчрс се обидува да го продаде ЦНЕТ, а Парамаунт разговара за потенцијални купувачи на целата групација или партнери за спојување, меѓу кои се Ворнер брос дискавери и Скајденс медиа.
„Како дојдовме до тука? Растот во продажбата на реклами во 2010-те беше неодржливо висок, а медиумите се однесуваа како тој да ќе трае засекогаш.
Не траеше. Сега каматните стапки ги спречуваат дополнително да се задолжат и да пробаат да си купат време на самите себе за да пробаат да ги решат проблемите,“ објаснуваат од Аксиос.