Вести

За пцуење во Грузија се оди во затвор

Судовите низ Грузија се полнат со „безобразници“ откако властите со закон го забранија пцуењето по интернет како дел од кампањата за прочистување на политичката клима во Грузија од токсични поделби. Премиерот ги прогласи вербалното навредување за „оружје што политичките непријатели го користат за дестабилизација на земјата“.

Во доба на роботаксија, Убер се обложува на луѓе 

Убер вложува милијарди во новите автомобили без возачи, но верува дека клучниот фактор за економска исплатливост е да го зголеми бројот на возачи. Компанијата пресметала дека хибридна мрежа во која се вклучени луѓе може да ја зголеми зафатеноста на автономните возила што би носело поголем профит отколку флота составени исклучиво од роботаксија.

Обединетите нации се корисен театар

Секој септември, кога заседанието на Генералното собрание на ОН го парализира сообраќајот,  њујорчани се прашуваат: Која е поентата на глобалниот политички театар? Обединетите нации не се „почетокот на светска држава“. Најдобро функционираат во поограничена улога, кога делуваат како форум за државите, а не како повисок авторитет над нив. 

Речник

Работната недела се растегнува на шест дена

Идејата за четиридневна работна седмица веќе е напуштен. Се прифаќа нова шема на работа и во неделите. Наместо да ги набиваат работните часови во помалку денови, работниците едноставно ја прошируваат работата на шести ден, делејќи го времето на нелинеарни блокови прилагодени на родителските обврски, нивото на енергија или личните задачи.

Стара Канаѓанка еутаназирана против нејзината волја

Жена од Онтарио која страдала од тешка болест, во јули била подложена на програма за „медицинска помош при умирање“, иако во последните денови од својот живот јасно и гласно кажувала дека не сака да умре. Медицинските лица инсистирале да се спроведе процедурата наспроти сомневањата дека жената била збунета кога потпишала согласност за сопствената смрт. 

Како Трамп ги изневери Саудијците

Саудиска Арабија со години вложуваше стотици милијарди долари во воено партнерство со САД, верувајќи дека тоа ќе го одбрани Кралството од регионалните непријатели. Кога дојде критичниот момент, Вашингтон му сврте грб на својот партнер. Разочарувањето го води Ријад кон создавање  регионален воен сојуз и градење многу поблиски стратешки односи со Кина.

На кинески интернет само скромно, само пристојно

Кина воведе ново нови на цензурирање интернет содржини чија мета се постови кои покажуваат раскош, богатство и величење на пари, а целта на државата е „да се прочисти интернет културата.“

На Хантер Бајден нема кој да му ги плати адвокатите

Само еден месец од почетокот на неговото прво судење, Хантер Бајден е на пат да изгуби еден од главните финансиери на својата одбрана затоа што и нему му снемало пари.

10 години од предвидувањето дека САД преку Украина ќе испровоцира војна со Русија

Улогата на Вашингтон во Украина, и неговата поддршка на нео-нацистите на режимот имаат големи импликации за остатокот од светот, ќе напише Џон Пилџер во текстот за Гардијан од 13 мај 2014.

Во „облаците“ на Гугл се испогубија милијарди долари

Во сенка на информациите за девелоперската конференција Гугл I/O 2024, некако слабо помина веста за еден до сега невиден хорор што им се случи на клауд-сервисите на Гугл: некако им се избриша важен акаунт и им требааа речиси две недели да го вратат. Колку важен акаунт? 135 милијарди долари! Што нè потсетува на мудрата: Не постои „клауд“, тоа е само друг нечиј компјутер.

Претседателот загина, ајатолахот има рак

Вистинскиот лидер на Иран, врховниот водач Али Хамнеи е стар, болен и се бори со рак од простата. Познавачите тврдеа дека него требаше да го замени претседателот Ебрахим Раиси. Ама, како што знаеме, тој се качи во хеликоптер. Неизвесно е кој ќе ја пополни и новата дупка и онаа која се чека да биде создадена. Во игра е синот на Хамнеи.

Нова Каледонија се крена против францускиот колонијализам

Една од последните француски колонии, по ново „територии“, Нова Каледонија, се крена на востание против француските власти откако Париз одлучи да воведе нови правила за гласање кои локалците ги сметаат за нарушување на нивниот глас.

Џанаците да не лижат жаби

„Како и со поголемиот дел од она што може да го сретнете во националниот парк, ве молиме воздржете се да го лизнете. Ви благодариме“ своевремено објави Американската агенција за  национални паркови. Се работи за една речна жаба која во случај на опасност се брани со испуштање отров преку кожата. Ама истовремено тоа е и најсилниот психоделик на светот, па, нагрнале заинтересирани.     

Дали Џо Бајден воопшто е свесен за катастрофалната штета што ја направи?

Џо Бајден е најлошиот американски претседател од Џими Картер до денес. Бајден специјализираше на предавање на пријателите на Америка и наградување на нејзините непријатели, во понижување на Западот и охрабрување на автократиите на Глобалниот југ, пишува Алистер Хит во текстот за британски Телеграф.

Њујорк има 350 илјади милионери

Њујорк е град во кој живеат најмногу милионери на светот. САД имаат 11 свои во глобалните топ 50-те, но, Кинезите брзо стигнуваат. Постојат градови во Кина чија милионерска популација има пораснато за преку 140% во изминатите десет години. Лондон и натаму паѓа а Москва е издишана и таму бројот на милионери е намален за една четвртина. 

Имате ли некој од најчесто користените пинови?

Во извештајот “Information is Beautiful” темелен на 3,4 милијарда ПИН-ови, се наведуваат најчесто користените комбинации на бројки. Некои од нив толку често се користат што глупо е прво нив да не ги пробате ако сакате да отворите нечиј мобилен или да пробиете картичка. На пример, „1234“ го користат дури 11% од луѓето.

Цивилните жртви на американскиот анти-тероризам

Кон крајот на февруари оваа година, официјалната војска на Буркина Фасо има убиено преку 220 цивили од кои 56 биле деца, во две села на северот на земјата. Знае Африка да биде брутална. Меѓутоа, ова е армија чии офицери се обучувани од американската војска. И згора на сè, даскалите уште се таму, да не им затребаат на учениците дополнителни часови.

Белоусов, човекот што треба да ја добие Украина

Изненадната смена на Сергеј Шојгу од страна на Путин у поставувањето на Андреј Белоусов на неговата позиција потсети на веќе подзаборавениот советскиот стил на владеење, пишува Њујорк тајмс.

Усул бе друже цариник

Либиските власти, во целиот тој хаос и војна што уште трае во земјата, уапсија двајца високи функционери од царина кои се обиделе да прошверцуваат над 26 тони злато од земјата.

Стар педофил цицал палец за да извади гз

Осуден сексуален престапник кој се појавил на судско рочиште облечен во бизарна инфантилна облека, барал да му се обраќаат како на девојче тврдејќи дека ментално е на ниво на дете од седум години. За да биде поуверлив во тоа, во судницата си цицал палец. Судијата сето тоа го дозволил. Денес и тие мора да се пазат од таквите и нивните бучни застапници.

Украина доби ракети, сега бара дозвола да рока по Русија со нив

Притисокот што сега доаѓа од Киев кон администрацијата на Бајден е да се повлече забраната за користење на американско оружје за напади на руска територија, бидејќи оваа забрана ги спречува да ги нападнат руските позиции од каде се подготвува офанзивата кон Харков.

Дипфејкот станува убав бизнис

Британската мултинационална компанија која стои зад некои од најпознатите објекти во светот, меѓу кои и Оперската куќа во Сиднеј,  призна дека биле жртва на „дипфејк“ измама (реалистични мултимедијални содржини продуцирани со ВИ). На нивен човек во Хонг Конг му направиле дипфејк шашма и овој им исплатил 25 милиони долари на преварантите.

Добитникот на 1,3 милијарди долари на лото, заврши на суд со домашните

Мажот од Мејн кој освои еден од најголемите џекпоти во историјата на САД, заврши на суд со најблиското семејство кое го обвинува дека се шконтарел и не им ги дал парите кои ветил дека ќе им ги даде.

Дојде време да се забрануваат маски

Како во кој момент ѝ одговара на државата, така ќе ви одредува што да правите.  Она што довчера беше задолжително во време на пандемијата, носење маска  на јавно меасто, сега во Америка почнува да се забранува, дури и кога се работи за здравствени маски и дури кога тие се носат исклучиво од здравствени причини. Зошто? За да не може да се криете од полицијата кога протестирате.

Како една пукнатина во украинските редови го отвори патот за руската армија

Кога руските војници изненадно се појавија во малото гратче Очеретине на истокот од Украина, беше јасно дека се случила некоја страшна грешка, пишува Њујорк тајмс.

Епл ги врати дикпиксот што сте ги избришале од Ајфонот

Слики за кои вие сте биле сигурни дека се избришани од вашиот Ајфон, излезе дека не се избришани и по грешка почнале да се појавуваат пак на телефонот по инсталирање на новиот апдејт на ИОС.

Продолжете да дремете на интернет, здраво било

Интернет пристапот и неговата употреба е постојано поврзана со позитивна добросостојба на корисникот, тврди истражување на податоци од 168 држави што го прави Оксфордскиот интернет институт.

Бајден станува поголем Трамп од Трамп

До пред 4 години, Бајден жестоко го критикуваше трговскиот протекционизам на Доналд Трамп, објаснувајќи колку тој пристап е неефикасен. Сега го направи истото против кое беше тогаш. Воведе драконски давачки за кинеските производи, сакајќи да се претстави како заштитник на американските работни места. Глобалната слободна трговија е мртва а Бајден станува шампион на назадниот протекционизам.  

Ова е влада

Белгиската влада ќе интервенира во случаи кога проститутките премногу често ќе одбиваат секс. Новиот закон регулира и подобрува многу аспекти од работата на сексуалните работнички но и овој погоре - ако веќе се работнички, треба да се работи.   

На северот од Украина од тешко стана потешко

Рускиот упад на североистокот од земјата и неочекувано успешното напредување дополнително ги растегна и истенчи украинските редови кои имаат минимални резерви на луѓе и оружје, алармира првиот човек на украинското воено разузнавање Кирило Буданов.