Имате ли некој од најчесто користените пинови?

Во извештајот “Information is Beautiful” темелен на 3,4 милијарда ПИН-ови, се наведуваат најчесто користените комбинации на бројки. Некои од нив толку често се користат што глупо е прво нив да не ги пробате ако сакате да отворите нечиј мобилен или да пробиете картичка. На пример, „1234“ го користат дури 11% од луѓето.

Во извештајот се наведуваат најчесто но и најретко користените четвороцифрени пинови, добиени врз основа на податоците за шифри до кои дошле хакери во разни нивни напади а потоа комбинациите се појавиле на интернет.

После дифолтниот „1234“ доаѓаат „1111“ (6% од луѓето) и “0000” и “1212”, кои ги користат два процента. Во најчестите, значи и најранливи пинови се и “7777”, “1004”, “2000”, “4444”, “2222” и “6969”.

Со оглед на тоа дека луѓето се склони за шифри да користат драги датуми од нивниот живот (раѓање на деца и сл), хакери знаат да посветат внимание на нивно следење на интернет за да ги дознаат тие работи. На локално ниво, следете го оној квиз на Сител со Лила и веднаш ќе дознаете за кои бројки некој е убеден дека му носат среќа. 

Како најмалку користени пинови се покажале “8557”, “8438” и “9539”.

 

19 мај 2024 - 13:40