Неименуваниот добитник ја тужи мајката на својата ќерка дека го прекршила договорот за таинственост што го имала со него дека на остатокот од семејството нема да му каже за неговото новостекнато богатство пред 18-от роденден на ќерка му во 2032.
Меѓутоа новите судски документи покажуваат дека мајката тврди дека лично добитникот им ја открил тајната на своите роднини, а не таа. Нејзината приказна ја потврдува и таткото на добитникот според кој син му му кажал дека ги добил парите по што се фалел што сè планира да прави со добивката. Според медиумите тој се одлучил да земе еднократна сума која по сите давачки изнесува над 500 милиони долари.
Меѓу работите кои ги ветил, а наводно никој не му ги побарал, било дека ќе му изгради автомеханичарска работилница на татко му за да поправа стари возила, дека ќе ја откупи куќата во која растел како дете, дека ќе основа труст од милион долари и ќе ги финансира идните медицински трошоци за татко му и макеата.
Татко сега се жали дека ова не е синот што тој го знае, а синот враќа дека никогаш не требало ништо да му каже на татко му пред тој да потпише договор за доверливост.