Њујорк има 350 илјади милионери

Њујорк е град во кој живеат најмногу милионери на светот. САД имаат 11 свои во глобалните топ 50-те, но, Кинезите брзо стигнуваат. Постојат градови во Кина чија милионерска популација има пораснато за преку 140% во изминатите десет години. Лондон и натаму паѓа а Москва е издишана и таму бројот на милионери е намален за една четвртина. 

Големото јаболко, чие богато население порасна за 48% во изминатата деценија, е дом на 349.500 милионери, 744 центимилионери (оние со над 100 милиони долари) и 60 милијардери.

Според извештајот на стручњаците за миграција на богатството од „Хенли & партнери“, Њујорк е град со најголем број милионери на светот.

На второто место се оние од другата страна - Сан Франциско и Силициумската долина. Богатството во тој залив има пораснато со една од најбрзите стапки во светот, зголемувајќи го бројот на богати граѓани за извонредни 82% во изминатата деценија. Сега тоа е дом на 305.700 милионери, 675 центимилионери и 68 милијардери. Њујорк и Заливот се меѓу 11-те американски држави во првите 50, што ги прави САД најголем светски центар на богаташи.

Лондон, кој со години беше познат како најбогатиот град, продолжува да паѓа на ранг-листата и сега го зазема петтото место со само 227.000 милионери, 370 центимилионери и 35 милијардери, што е пад од 10% во последната деценија. Наспроти него, во тој период богаташите во ЛА пораснале за 45% и градот се искачи на шестото место на рангирањето.

Градовите со моментално најголем раст на богатството се во Кина.

Најмногу расте богатото население во Шенжен, со пораст од 140% во последните 10 години. Хангжу забележал огромен пораст од 125 отсто на бројот на своите богати жители, а бројот на милионери во Гуангжу се зголемил за 110 отсто за десет години.

Гледајќи напред, потенцијалниот раст на богатството во следните 10 години треба да се следи во градови како Бенгалор, Индија; Скотсдејл, Аризона и градот Хо Ши Минг во Виетнам. Сите три имале исклучителни стапки на раст од над 100% во изминатите 10 години.

Брзиот напредок во вештачката интелигенција, роботиката и блокчеин технологијата создаде нови прилики за создавање и акумулација на богатство. Но, светот и животот  никогаш нема да бидат без ризици а богатството во еден град може многу брзо да се промени.

Тоа го покажува Москва чија милионерска популација, заради војната во Украина падна за 24%.

 

19 мај 2024 - 17:34