Ова е влада

Белгиската влада ќе интервенира во случаи кога проститутките премногу често ќе одбиваат секс. Новиот закон регулира и подобрува многу аспекти од работата на сексуалните работнички но и овој погоре - ако веќе се работнички, треба да се работи.   

Новиот закон во Белгија што го слават активистите поради обезбедувањето „работнички договор“ на проститутките, меѓу другото ќе им овозможи на нивните менаџери/ макроа да покренат постапка за кршење на работните обврски доколку одбијат секс повеќе од 10 пати во период од шест месеци.

Белгискиот парламент го изгласа законот со огромно мнозинство и тој се смета за голема победа на белгискиот синдикат на сексуални работници кој интензивно лобираше за законот.

Проститутките ќе добиваат здравствено осигурување, пензија, породилно и годишен одмор, како и државна помош во случаи на невработеност. Нивните макроа ќе бидат принудени да им обезбедат „безбедно копче“ што ќе го користат за итни случаи.

Проститутките имаат право да одбијат секс или да го прекинат како и да одбиваат да седат зад прозорци како во Амстердам. Меѓутоа, доколку проститутката ги искористи овие „права“ 10 пати во рок од половина година, нејзиниот макро може да повика владин посредник да интервенира.

Сите макроа мора да имаат регистрирано седиште и да поднесат барање за одобрение за работа по што ќе мора да им понудат договори на своите вработени. Договорите ќе бидат маскирани како договори за ХОРЕКА (хотел-ресторан-кафе) за да можат проститутките да останат анонимни. 

15 мај 2024 - 12:28