Сенатот на Северна Каролина гласаше за општа забрана да се носи маска на јавно место, дури и поради здравствени причини.
Републиканските поддржувачи на забраната рекоа дека тоа ќе им помогне на органите на прогонот да процесираат демонстранти и бељаџии кои носат маски за да избегнат идентификација. Велат дека демонстрантите од пропалестинските протести ги злоупотребуваат практиките од ерата на пандемијата за да го сокријат својот идентитет.
Предлог-законот оди уште подалеку па не дозволува да се носат маски на јавно место и од здравствени причини. Ова особено беше критикувано бидејќи постојат луѓе, како на пример оние кои се на терапија за рак, кои имаат намален имунитет и кај кои секоја компликација и компромитација на имунолошкиот систем може да биде фатална.
Републиканците тврдат дека во спроведувањето на законот ќе се користи здрав разум и дека досега не е видено болна баба да биде уапсена на протестите.
Почетоците на забраната за маскирање потекнуваат од 1950-тите години кога требаше да се адресира проблемот со припадниците на Кју Клукс Кланот.