Живот и забава

Или математикава е погрешна, или ние требало да живееме 300 години

По ново, секоја дополнителна кригла пиво (од 0,5) ти го скратува животот за 15 минути. Дополнителна над колку? Над 5 пива неделно.

Вискито на Лидл од 16 евра прогласено за најдобро на свет

Наспроти сите очекувања титулата не доаѓа од газдата на Лидл, туку од нешто што се нарекува Светски виски награди во организација на Виски магазинот.

На секого му е потребно да има душман на работа

Обемна анкета во Британија покажува дека 6 од 10 испитаници имаат душман меѓу своите колеги. Според други неофицијални резултати останатите четворица сигурно лажат.

Пица е поздрав појадок од зашеќерени житарки

Целата логика се базира на тоа дека наутро сирење, салца, вода, сол, зејтин брашно и квасец , се поздрави отколку кутија житарки преполни со шеќер. Ако тие ти се единствените два избора што ги имаш на располагање.

Израелците на Месечината испратија бекап на човештвото

Во првата приватно финансирана мисија за слетување на Месечината Фалкон 9 на Спејсикс успешно го изнесе израелското летало Берешид од Земјата и го испрати кон крајна дестинација.

Финтата на Ноа која никој не ја разбра

Зезајќи се со луѓето кои мислат дека земјата Ваканда од „Црниот пантер’ навистина постои, американскиот водител кој е роден во Јужна Африка проговори на домородниот Ксоса јазик а потоа на Американците им преведе што кажал. Само што, им преведе погрешно.

Француски извоз на сипаници како во добрите колонизаторски времиња

Француско семејство оди на годишен одмор на Костарика и тоа во состав татко, мајка, деца и сипаници. До тогаш Костарика тера серија без ниту еден случај на сипаници од 2014.

1,5 милијарда долари бараат топол дом

Џек-пот од 1,5 милијарди долари неколку месеци дреме на конто на американска сојузна лотарија бидејќи уште никој не се решил да оди и да го покаже добитното ливче. А не дека нема рок на траење.

ПЕТАрди

Складно со имиџот на немање основна човечка пристојност, организацијата за заштита на животни (и убивање бездомни кучиња) ПЕТА одлучи дека е ред да го нападне Стив Ирвин на денот на неговиот 57-ми роденден.

Питер Фремптон прави турнеја за збогување

На легендарниот гитарист му е дијагностицирано дегенеративно заболување на мускулите. Додека го држат нозете и служат прстите, закажува „Farewell Tour“ бидејќи догодина можеби нема да може да свири. „Сакам да заминам гласно, со врисок!,“ вели човекот од Хамбл Пај и Хрд кој свиреше со Боуви, Џорџ Харисон, Џери Ли Луис....

Ви ги даваме победниците на Оскарите 2019 еден ден пред сите

Во надеж дека и годинава ќе го репризираме ланскиот успех (13 погодени победници на Оскар од 13 предвидени) или барем приближно (среќни сме и со 11) со вас ја споделуваме дојавата од нашиот оскаровски јасновидец за годината церемонија.

Црни, темни зандани за сценариото на Господар на прстените

Адаптација на книгата на Толкин што Амазон ја најавува како ТВ серија од 1 милијарда долари, за сега добива и таков третман од Амазон, барем во однос на безбедноста.

Хитлер да победеше, Шабан ќе беше жив

Добро, може и не баш. Пејачот кој деновиве загина во сообраќајка во Германија кога автомобил со огромна брзина налета на неговото возило, веројатно немаше ни да се роди знаејќи ја хитлеровата гадливост на сите варијанти на балканскиот ДНК. Ама сепак, да споделиме пар реда информации за некои политики на Хитлер кои биле наменети за спасување животи. Да, имало и такви.

Месото од епрувета падна и на тестот за загадување

Откако прво и основно падна на тестот за месо, решението за глобалниот проблем со загадувањето од стока не успеа да заврши една од главните работи што се очекуваше од него - помалку да загадува од вистинско месо.

Секој жител на ЕУ годишно фрла 173 килограми храна

Речиси една третина од целопкупно произведената храна во светот се фрла, што заради прекумерно купување, дилеми околу рокот на траење или „естетски“ замерки. На таа основа ЕУ фрла 143 милијарди годишно.

Серијата погрешни одлуки познати како Оскари 2019

Уште пред драмата со Кевин Харт, луѓето кои стојат зад организацијата на Оскарите беа длабоко зацапани во проблеми произлезени од нивни лични одлуки околу годинешното шоу. А и потоа продолжија со истото.

Кога колегите ќе стивнат

70% од работниците се плашат да го кренат својот глас на работното место, да се побунат против некоја неправда или пак да пријават каков било проблем кој го знаат. Меѓу менаџерите, ситуацијата е бетер. 

Стока на дејт

Имаше Тиндер за стрејтери, Гриндр за гејеви, сега има и Тадер. За крави.

Не мора да престанеме да загадуваме, само треба да засадиме над 1000 милијарди дрвја

Глобално просторот што е оставен на шуми трпи садење на уште 1200 милијарди стебла, бројка која заради својата недостижна масовност ќе биде доволна за апсорбирање на повеќе јаглерод-двооксид отколку што човештвото може да произведе.

Останавме со бубашвабите

И една нова студија потврдува дека состојбата со бубачките е катастрофална. Во блиска иднина голем број на видови ќе исчезнат, и тоа од оние најфините, пчелите и пеперутките. Ќе останат само некои како мувите и бубашвабите кои лесно се снаоѓаат во секоја ситуација. Отприлика како политичката сцена во МК.

Италијанците ќе откриваат демони од мали нозе

Веројатно ако обичен цивил денес само на еден ден се обиде да замени наставник/наставничка на основци, нема да има ни тронка сомеж дека на децата итно им треба егзорцизам. Е, италијанските власти по сопствено убедување тргнаа по овој пат.

Тост полн ПМ честички

Изгорен тост може да ги изложи луѓето на повеќе загаден воздух отколку ако стојат на улица сред сообраќајна гужва. Ништо полесно не се минува ни со печењето месо.

Екозија стигнаа до 50 милиони дрвја

Екозија е оној интернет пребарувач кој минимум 80% од приходите ги дава на сериозни невладини од светот кои се занимаваат со пошумување и зачувување на она што е останато. Наш читател кој го користи Екозија, го информирале дека има засадено преку 1.000 дрвја. И вика, јако е. И, јако е. 

Не остана Шабан на светов

10 години после Бајрамовиќ, од овоземните кафани се одјави и Шабан Шаулиќ. За некој кој постои повеќе од половина век е нормално да го викаат крал. Само што Шабан Шаулиќ беше прогласен за крал уште кога се појави.