На самиот истек на 31 декември 2019 година, Јутјуб акаунтот 69RSTRAX ја објави збирката без никаков коментар и објаснување. Само неколку часови подоцна, на 1-ви јануари, сите видеа беа означени како приватни.
69RSTRAX е креиран на 29 декември без информации за идентитетот но задолжителниот меил води кон ABKCO, музичка компанија која има права на голем дел од раните снимки на Стонси.
Објаснувањето на Варајети кои први известија за краткотрајното појавување на овие снимки доаѓа до копирајт директивите на ЕИ по кои аудио снимките се заштитени со копирајт во првите 50 години од нивното создавање, ДОКОЛКУ, во меѓувреме не бидат „легално комуницирани со јавноста“. Во таков случај, првата се продолжуваат на дополнителни 20 години. Така ABKCO доаѓа до дедлајн на крајот на 2019: ако не ги објави дотогаш, во иднина нема да може да наплаќа пари за тие песни, бидејќи копирајтот на снимките (не и на композициите) истекува.
Во слични ситуации имаат доаѓано и други издавачки куќи а најотворено признавање дека не им се даваат песните за џабе беше една колекција на Боб Дилан издадена под наслов “The Copyright Extension Collection, Volume 1”, која се продаваше само во Европа.
Но, ова со Стоунси е првпат да се проба со толку минималистички обид за „издавање“. Притоа, и во тоа кусо време кога песните биле достапни на Јутјуб, снимките биле унаказени со дополнителен тон и биле практично неслушливи.
Останува да се види што европските авторитети ќе проценат и дали неколкучасовно појавување на Јутјуб може да се смета за „легално комуницирање со јавноста“.