Четворката е новиот албум

По неколку години создавање конечно излегува четвриот албум на групата Баклава. Јубилеен со своите четири страни, богат со 13 песни, огромна екипа, различни жанрови и е вртење на сосема нова страница.

Создадовме светска музика. Вложивме многу. И мака и љубов. Сметаме дека е ова најдобриот албум што сме го направиле до сега, и сме многу благодарни на сите што го градеа со нас, и сите што го поддржуваа на било каков начин.

Ова ремек-дело е наше дете. Без разлика дали тоа ќе ви биде смешно или раздразливо, ние го сметаме за свое, исто како да сме го родиле. И можеме да ви порачаме, дека покрај што ги сакате вашите деца, и покрај тоа што ве радуваат или нервираат додека растат, чувајте ги. Чувајте ги додека можете. Дајте им корен и дајте им крилја…

Описно, овој колоритен албум е создаван на концептот на бои. Секоја песна е посветена на конкретна боја, претставена преку музиката и стиховите. Пеено е претежно на македонски јазик, но тука и таму има и понекоја строфа и на турски, хрватски, влашки, латински…

Музиката на скоро сите песни ја напиша Елена Христова. А стиховите Сибо. Отсвирено е на многу инструменти....

Баклава

Слушајте и уживајте. Четворката не е само звук.

8 јануари 2020 - 15:24