Во последното истражување „Брендови на кои најмногу им се верува 2020“, 16.700 граѓани на САД биле прашани за мислење за 30-тин најпознати компании, државни институции и други познати брендови.
Најмногу Американци, околу 50 проценти, највеќе му веруваат на својот семеен лекар. На второ место е војската со 44% доверба. Две дигитални компании - Амазон и Гугл - го заземаат третото и четвртото место со 39%, односно 38% доверба Тие две компании освојиле поголема доверба на граѓаните од предупредувањата за климатските промени (36%), наставниците (35%), полицијата (30%), научните истражувања (26%), претседателот Доналд Трамп (20%), капитализмот (14%), медиумите (8%), американската влада (7%) и Вол Стрит (5%).
Најмала доверба меѓу Американците ужива Холивуд со само 4%.
Меѓу повозрaсните граѓани, оние родени пред 1964 година, најголема доверба од поединичните компании уживаат американските пошти.