Живот и забава

Се бараат нинџи како никогаш порано

Кога компанија бара програмер, некако похипстерски изгледа на заинтересираните да им долови дека бараат нинџи отколку дека бараат луѓе кои ќе бидат подготвени до бескрај да се ѕверат во монитор барајќи багови во софтверот.

Во Бразил прават царски журки

Минути ја делат како ќе стане мајка. Таа е фенирана и со лакирани нокти а околу неа се 15-тина најблиски луѓе кои гласно навиваат, слават и со мобилни телефони го снимаат моментот кога лекарот со царски рез ќе го извади бебето од неа.

Њујорк Тајмс ги укинува политичките карикатури

Утнаа со една карикатура која беше доживена како анти-семитска па решија комплетно да го укинат овој жанр кој го имаат преку еден век. Ако беше така, после оние извештаи за хемиското оружје на Садам, требаше цел дуќан да го затворат.

Дрвјата, Античките Македонци и првата катастрофа на човековата околина

Седименти на Дојранското и Охридското езеро покажуваат дека луѓето овде знаеле да заебат работа многу пред нас. Почнале да ги сечат дрвјата (ќе правеле бродови паметните) а сечењето дрвја е најдобар начин - да останеш гладен.

Шеќерот заслужува иста инквизиција како пушењето

Во развиените земји пијалаците со шеќер (а сè, ама сè, освен обична вода и обична кисела вода содржи шеќер) почнаа да подлежат на данок, и како што беше случај со цигарите ова ќе прогресира.

На Болдвин му е смачено да биде Трамп

По три сезони глумејќи го Трамп на СНЛ, Алек Болдвин пред некој ден во интервју порачува: „не можам да замислам пак да го играм. Едноставно не можам. Нека најдат некој што сака да го работи тоа.“

НАСА пушти ценовник за туристички тури во вселената

Агенцијата објави дека ја отвора Меѓународната вселенска станица за комерцијален бизнис (и посети). За почеток понудите се без ол-инклузив.

Белото месо штотуку поцрвене

Сите знаеме дека да се јаде бело месо е каде-каде поздраво отколку да се јаде она црвеното. Е па, не.

Папата го смени пасвордот

Поглаварот на римокатоличката црква промени секвенца во веројатно најчестата молитва на христијаните, онаа со која го започнуваме секој семеен ручек фатени за раце, молејќи се да не е боранија.  

Фејкањето позитива на работа води кон чашката

Ако сте принудени на работното место постојано да се смешкате и да бидете пријатни со секакви говеда имунизирани од статусот „клиент“ само за да уживаат во повластеноста на тој статус дефиниран во она глупо капиталистичко правило „Муштеријата секогаш е во право“ (не, никој не е секогаш во право), таа напнатост и претерана контрола на емоциите некаде мора да се олабави за да не пукне. Алкохолот е логично решение за испуштање пареа од зовриениот емотивен бојлер. 

Алчно око стонерско

Орегон е до толку преплавен со легална марихуана, што ако во моментов престане да се сади и одгледува, ќе бидат потребни 6 и пол години за да се испуши (или изеде како додаток во храна) залихата што моментално ја имаат.

Како Монсанто ги манипулира новинарите и академиците

Како што Монсанто од рочиште во рочиште се приближуваше до судските казни во неколку тужби, така документи (објавени како докази) откриваа како компанијата дава сè од себе за да ја замати целата приказна околу себе.

Новиот Нотр Дам со закон ќе биде копија на стариот, до последен детаљ

Францускиот Сенат го одобри надополнувањето на законот за реставрација на катедралата, и според него на Нотр Дам не смее да се смени ниту еден камен, штица или шајка од она што било негова „последна позната визуелна состојба“ пред пожарот.

Авто-цензурата на политичката коректност ја убива науката на факултетите

Универзитетските кампуси во Америка одамна не се академски оази во кои се негуваат и развиваат отворени дискусии, дебати и вкрстување на аргументи. Запоседнати се од бучна, ѓоа левичарска младина, која и науката би да ја негира ако им се судира со идеологијата.

Колку загадува твоето гледање Јутјуб видеа

Секој потег што го правиме на интернет без разлика дали тоа било во брасуер на компјутер или во апликација на смартфон, на крај мора да биде обработен од некој сервер сместен некаде низ светот (или тука локално), каде тој сервер мора да работи на струја, која некако мора да се создаде.

Водата испарува на 270 децибели

Научници произвеле звук за кој тврдат дека е најгласниот можен зввук, толку моќен што ја испарува водата со која доаѓа во контакт. Сакате да чуете?

Како Русија планира да испрати космонаути на Месечината до 2030

Во говор на Московскиот Универзитет, првиот човек на Роскомос, Дмитри Рогозин, објави план за десетина години да го слетаат (и вратат) првиот руски космонаут на Месечината.

Бившата на Безос веќе „списка“ пола од милијардите што ги доби во разводот

По разводот со Џеф, Мекензи Безос заврши со некои си 37 милијарди долари (дури и откако се откажа од купишта пари). Сега стигна некаде на половина од овие пари откако другите ги даде во добротворни цели.

Амнести интернешнл остана без речиси целото раководство

По ревизијата која утврди дека организацијата насочена кон помагање на најзагрозените групи на луѓе во светот е „токсично работно место“, Амнести интернешнл се реши на бркање на 5 од 7 извршни директори.

Најголемиот колекционер на винили не слуша плочи

Мартин Смитерс ја има веројатно најголемата колекција на винилни плочи на светот во која има инвестирано стотици илјади долари. Тврди дека не слуша ништо од тоа. Кога сака да чуе нешто музика, си пушта Јутјуб.

Шамарот Василиј стигна до Гардијан

Земјоделец од Сибир е многу прецизен и прифатлив опис на Василиј Камотски, дивоградбата од човек што отшрафуваше глави на првенството во мавање шамари во Сибир.

Зошто пилешкото е толку евтино?

Многу работа во цената врши тоа што во секој даден момент на планетава има 23 милијарди кокошки / пилиња.

Програмери престанете да се кажувате дека сте инженери

Некако низ годините ИТ индустријата успеа на сите позиции во своите редови што не се поврзани со продажба, маркетинг и дизајн да им го накалеми терминот „инженер“. И ова е погрешно по голем број основи. На пример, инженер инженер има вистинска должност кон јавната безбедност и сигурност.