Косоан била уапсена откако полицаец ја советувал, додека е на ескалаторот, да се држи за тоа гумата како што било препорачано на знакот покрај подвижните скали. Таа рекла дека баш и не мора да се држи по што и одбила да се идентификува бидејќи не сторила никакво дело.
Сосема доволно за полицаецот да ѝ стави лисици на рацете додека ги претресува нејзините работи (што траело половина час) по што и врачил казни од 315 долари, за непочитување знаци и полициски упатства. Три години подоцна била ослободена од обвиненијата но поднела барање за отштета од 34.000 долари кое било одбиено од од судот и апелацијата во Квебек.
Косоан не се откажала па случајот дошол до Врховниот суд на Канада кој застанал на нејзина страна.
„Бесправно лишување од слобода, колку и тоа малку да трае, не може да стане вообичаена нелагодност која граѓаните треба да ја прифатат и со неа да се помират,“ гласи нивната одлука во која се цени дека безбедносниот пиктограм покрај ескалаторот „Држете се за оградата“ не е мандаторен и не може да ги принудува граѓаните да ги почитуваат неговите инструкции.
Градот ќе треба на Косоан да ѝ плати отштета од 15,000 долари по што таа изјавила дека „врескала од среќа кога ја слушнала пресудата,“ бидејќи знаела дека „принципиелно е во право“ и дека „е среќна што Канаѓаните сега можат послободно да дишат“.