Данас: Овој 1 декември е 101 годишнина од земјата во која вие се создадовте - Југославија. Дали после сè мислите дека Југославија беше „зандана за народите“?
Лаибах: Ако навистина беше зандана, тогаш - кога сите се ослободија од истата таа Југославија - тие народи ќе процветаа, ќе се развиеја во слободни и слободарски народи а не во народи полни омраза и нетрпеливост едни кон други. И сигурно не би се исцрпувале себеси на вака бесрамен начин. Слободна нација е народ исполнет со љубов, мир, среќа, правда и толеранција.
Уште една годишнина - штотуку минаа 30 години од падот на Берлинскиот ѕид. Дали тој свет на Студената војна беше целиот мрачен, дали потоа се роди ново светло?
Се разбира дека не. Источните Германци денес се чувствуваат измамени и искористени од страна на поранешната Западна Германија заради што таму почнаа да се формираат најконзервативни и најрадикални десничарски партии и милитантни групи кои брзо се поврзаа со слични формации во други држави во источна Европа, што значи дека ѓаволот ја однесе шегата.
Со паѓање на ѕидот и комунизмот, победничкиот капитализам ја отфрли шминката и ги рашири своите смртоносни крилја во источна Европа каде луѓето наивно веруваа во евангелието на ослободувањето преку идеологијата на примитивното уживање и конзумеризам. Улиците денес се осветлени и разубавени, темница нема но нема ни светло на крајот на тунелот.
Каков е односот денес меѓу тоталитаризмот и демократијата во нивните реални значења?
Разликите се бришат и денес либералната демократија сè повеќе и повеќе е збир на забрани и заповеди и строги правила и закони кои не смеат да се кршат па сè помалку работи се дозволени. Така настанува изразот „тоталитарна демократија“, сè порелевантен за дефинирање на состојбата во актуелните демократии. Изразот го популаризираше израелскиот историчар Ј.Л. Талмон и се однесува на држава во која владеат легитимно избрани претставници на граѓаните но самите граѓани имаат мало или никакво влијание врз донесувањето одлуки.
Што нè чека во блиска иднина - вистинска апокалипса или пак нова зора на човештвото?
Нè чека вистинска апокалиптична зора на човештвото.
*****
За медиумските стереотипи околу Северна Корејa, уште нешто за Југославија... овде