По основа на географско потекло Италијанците уште во 2009-та го заштитуваат „Балсамико оцет од Модена“. Нивниот аргумент, кој беше поразен на последната судска пресметка, е дека според правилата на ЕУ секој термин што се наоѓа во наводниците им припаѓа ним.
Судот сега одлучи дека нивното толкување на законите е погрешно и дека тие немаат ексклузивно право на зборот „балсамико“. Според нив географското потекло се користи за да заштитат од „злоупотреба и имитација“ храната и пијалаците „чиј квалитет, репутација и други такви карактеристики се поврзани со нивното географско потекло.“ Меѓутоа сето ова не важи за „употребата на поединечни не-географски термини на ова име“.
„Терминот 'aceto' (оцет) е чест термин а 'balsamico' е придавка која често се користи за опишување на оцет што има горко-сладок вкус,“ се вели во одлуката на Европскиот суд на правдата.
Целиот процес започна кога германски производител одлучи во оптек на пушти балсамико оцет што го рекламираше како „балсамико„ и „германско балсамико“.