Кога на пица би пишувало дека се потребни 4 часа пешачење за да се потроши, или 22 минути трчање за да се потроши едно чоколадо, тоа би помогнало луѓето помалку да се алчат, тврдат британските научници.
Бројката до која доаѓаат научниците од Лоубороу Универзитетот, кои прават анализа на 14 студии, е дека вакво обележување на храната би можела кај секој човек да скрати по 200 калории на ден. Може личи малку, но според научниците ова е доволно за со тек на време да се акумулира значителна бројка која ќе придонесе за слабеење.
Бидејќи калориите како бројка и не вршат нешто многу, многу работа, докторите сметаат дека луѓе ќе бидат изненадени кога ќе сфатат колку физичка активност е неопходна за да се потрошат истите калории од најразлични глупости што ги јадат.