8 од десетте филмови со најголема заработувачка на американските кино-благајни годинава биле дело на Дизни. Листата е составена од:
- Ѕвездени војни: Подемот на Скајвокер
- Капетан Марвел
- Авенџерс
- Спајдермен
- Приказна за играчките 4
- Снежното кралство 2
- Аладин
- Кралот лав
„Листата наликува како алгоритам да исфрлил филмови за кои луѓе би платиле 20 долари карта за да ги гледаат. Таа исто така е олицетворени на децениската стратегија на Дизни. Сè и припаѓа на франшизата или е направено за потенцијално да започне франшиза. Дури и Снежното кралство кое во 2013 беше пуштено како самостоен филм со целосно затворена приказна, се врати со продолжение и за серија на помали спиноф изданија затоа што имаше побарувачка. Плус, продажбата на производи со ликовите од филмот беше вон сите очекувања,“ пишува Џулија Александер во текстот за Верџ.
Под стратегија се подразбира тоа што Дизни пред десет години плаќа 8 милијарди долари за да ги купи Марвел и Лукасфилмс. Само годинава Дизни, само од овие 8 филмови, само од кино-благајните, само во САД, има заработено 10 милијарди долари. До сега, низ сите овие години само од Марвел филмовите Дизни од кино-влезници има над наплатено 28 милијарди долари.
2011-2013 е единствениот период последниве години кога Дизни не доминира комплетно со кино-благајните, и ова истовремено е периодот пред да почнат да снимаат нови филмови за Ѕвездени војни и кога Марвел филмскиот универзум се уште земаше залет.
Процената на Александер е дека иако за 2020 од студиото најавени се филмови како Мулан и Црната вдовица, Дизни главно ќе биде фокусиран на Дизни+ сервисот.