Досегашните истражувања главно се занимале со вирусите изолирано. Студија на Универзитетот во Глазгов решила да ги посматра вирусите во нивната интеракција, како да се дел од еден еко-систем. Особено силна се покажала врската меѓу грипот и риновирусот, познат како обична настинка.
Истражувањето е темелено на податоци за 12.645 пациенти кои во период од девет години имале респираторни вируси. Утврдено е дека оние со грип имале 70% помали шанси да имаат риновирус. Истиот однос важи и за оние со риновирус кои во време на проблемите покажале резистентност на инфлуенца.
Истражувањето утврдило и дека оштиот број на настинки се намалува во периоди кога царува грипот.
„Како што лавовите и хиените се борат за истата храна и за истите ресурси, така и вирусите се натпреваруваат за ресурсите во нашиот респираторен тракт “ објаснува доктор Сема Никбакш.
Засеге е нејасно дали конкурентните вируси меѓусебно се требат во битката за нашето тело или пак можеби нашиот имунолошки систем не дозволува да биде победен со 2:0.