Елисе Паркер има 200К на Инстаграм, 700К на Јутјуб е меѓу нив е позната како девојка која сака да прави експерименти од типот, 21 ден само со овошен сок, еден месец без шампон, еден месец без социјални медиуми и слично.
Откако ги потрошила и глупите идеи од типот три години несредуење мишки, решила да го проба она што никогаш не ѝ текнало порано. Веганката со петгодишен растителен стаж решила да се стави на карниворски режим на исхрана, тоест да јаде исклучиво месо, морска храна и јајца.
Ја голтнав гордоста и решив да пробам. Комплет меснато. Веќе утредента се разбудив ментално чиста, фокусирана, комплетна и се чувствував здраво како што се немам чувствувано со години“, сведочи Паркер.
Единствената несакана нус-појава на нејзиниот експеримент била што нејзината веганска заедница се разбегала преку ноќ.