Група новинари од канадскиот бродкастер Маркетплејс во 2017 година биле љубопитни што тоа луѓето јадат од познатите ланци за брза исхрана во лабораторија во Онтарио испратиле примероцви од пилешкото на Сабвеј, Мекдоналдс, Венди и уште неколку познати франшизи.
Се разбира, не очекувале да добијат 100% чисти резултати бидејќи содржината се менува во процесирањето и зачинувањето на месото, но, добиените резултати биле прилично добри: во она што масовно се продава во овие ланци како пилешко има меѓу 88,5% и 89,4% пилешка ДНК.
Освен кај Сабвеј.
Нивното „пилешко печено во рерна“ имало 53,4% а пилешките прсти само 42,8% пилешко. Остатокот е протеин од соја.
Новинариве помислиле дека можеби се работи за лабораториска грешка па пратиле нови примероци но добиле исти резултати. Побарале од Сабвеј да се произнесат за случајот а овие се заканиле со тужба и барање за отштета од 210 милиони долари заради „нарушување на угледот“ и „претрпена штета“ тврдејќи дека тестовите не се правени со „доволна научна ригорозност“.
Чудна одлука на компанијата бидејќи на суд се појавиле со свои вештачења по кои имаат само 1% повеќе пилешко од за нив спорните резултати.
Судот во Онтарио ја отфрлил тужбата на Сабвеј а овие, по инерција, се заканиле дека ќе одат на Апелација.