Била сама во собата и прво слушнала музика а потоа и глас кој ѝ се обратил и ѝ се претставил како Дедо Мраз. Имал и предлог до неа: ако сака да ги добие подароците кои ги посакува, да направи ршум во собата.
Бидејќи користел божиќна музика од хорор филм, на девојчето ѝ било премногу па почнала да запомага по што дотрчала мајка ѝ и самата ги слушнала и гласот и музиката.
Сето ова е жива вистина а виновникот за таа неверојатна сцена е камерата Ринг која родителите ја монтирале во собата за да можат да ги надгледуваат трите малолетни ќерки. Камерата има и звучник и микрофон за комуникација а поврзана е на интернет. Тука почнуваат проблемите. Некој ги има хакнато, којзнае колку долго ги има гледано децата а потоа решил да се „нашали.“
Компанијата Ринг ја отфрли секоја одговорност за ваквиот упад укажувајќи дека родителите не ја искористиле ни основната заштита, автентикација во два чекора. Мислеле дека еден пасворд им е доволен а со една шифра, хакнувањето е релативно лесно.
Поставувањето камери дома е многу популарно во Америка и на други места. Родителите тоа го правдаат со потребата да знаат што им прават децата кога се сами, или пак да видат да не ги поткраднува чистачката.
Токму можноста за хакнување е основната причина што автомобилската индустрија е многу претпазлива кога се работи за поврзување на автомобилите на интернет. Стравот дека некој може да ја преземе контролата врз аутото ( и да те одведе во провалија) засега е поголем од користа која таа вмреженост ја носи.