Канада ја добива својата прва „фарма за тела“ односно на кадавери што претставува локација на која тела се оставаат надвор на различни места за да бидат набљудувани и да биде проучуван процесот на нивно распаѓање.
Некои на сонце, некои под сенка, некои во плитки гробови а некои во возила, сè за да се дознае што повеќе за тоа како едно човечко тело се распаѓа и што корисно од тоа може да се дознае.
Научниците ги интересира како телата се распаѓаат на различни температури, како специјалните службени кучиња реагираат на различните мириси, колку долго отпечатоци од прстите, ДНК и забите можат да дадат корисни информации, како животните фази на инсектите кои јадат или положуваат јајца во телата можат да послужат за утврдување на времето на смртта и слично.
Велат дека своите сознанија ќе ги споделат со полицијата за подобрување на форензичките методи. Иако вакви слични фарми има во САД, Австралија и Холандија, било битно да се има локална фарма за да се добијат поконкретни информации за распаѓањето на телата во вообичаените локални температури и атмосферски услови.