ФДА, американската владината агенција задолжена за храна и лекови, наскоро ќе објави нови насоки за употреба на терминот, и тие, според првиот човек на ФДА, се многу поразлични од она што денес е пракса.
„Ако го разгледате нашиот стандард за идентитет - некаде во него има референца која се однесува на животно кое лачи млеко. А, како што знаете, бадемите не лачат,“ изјавил комесарот Скот Готлиб.
Според него агенцијата сето ова време не ја спроведувала сопствената политика и не вршела притисок над производителите за да ја поправат својата терминологија. Забраната за користење на терминот млеко ќе биде надополнета со официјална терминологија за тоа како ќе се вика течноста што до сега се продава како растително млеко (дали сок, дали вода...). Воведувањето на новите правила се очекува да започне за најмногу една година.
Во 2015, агенцијата го забрани користењето на терминот Мајо, за производ кој се продаваше како „мајонез без јајца.“