Може и обратно - богатството додава 9 години на очекуваниот животен век на поединецот. Или како што тие ќе кажат „откривме дека најголема социоекономска предност во двете држави (анализирани се Англија и САД) низ сите старосни групи е богатството“.
Тие заклучуваат дека иако очекуваниот животен век е корисен индикатор за нечие здравје, сепак квалитетот на животот како што се старее е одлучувачки за здравјето.
Во студијата на Лондонскиот универзитетски колеџ се покажало дека богатството имало речиси идентично влијание и кај мажи и кај жени.
Малку разочарувачки заклучок на студијата е дека децата родени денес е поверојатно да минат поголем дел од својот живот со здравствени проблеми, отколку нивните баби и дедовци.