Да сме попрецизни, најлошиот момент по нашиот добробит е на 47,2 години.
За сега знаат само дека тоа е моментот ама не знаат зошто, па претпоставуваат дека притисокот и нервозите растат низ години и дека некаде по на средина од 40-те години го достигнуваат пикот. Заедно со останатите работи пад бележи и среќата.
Иако звучи како „проблем од првиот свет“, студијата се базира на податоци од 132 држави низ светот и во сите е забележан ист пад.
Позитивно во целата драма е што некое време по достигнувањето на пикот на унесреќеност почнуваш да се чувствуваш подобро, а и среќата се враќа на нивоата од пред кризата.