Живот и забава

Последниот сон на Џобс од 5 милијарди долари

Последното појавување во јавност на Стив Џобс беше во советот на градот Купертино, за да ги престави плановите за изградба на новото седиште на Епл, во кое треба да бидат сместени 12-те илјади вработени и кое комплетно ќе го измени изгледот на плацот од 712.000 метри квадратни.

Кога државата ќе ти го начука

Земате од лекар препишани апчиња против болка. Станувате пријател со некого кој по некое време ви бара да му продадете од апчињата, бидејќи и тој има болки. Пријателот испаѓа џандар, од Ентеше. И? И 25 години затвор!

Со шеги да не фрлате

Ова се двајцата американски радио водители кои првоаприлската шега ја платија со своите работни места. Само затоа што на многу луѓе им е полесно да паничат отколку да вклучат мозок.

Што ако го снема Сонцето?

Откако утврдивме дека без кислород не нè бива ни 5 секунди, да видиме што ќе се случи ако Сонцето одеднаш го снема. Приказната започнува 8 минути потоа.

Џими Фалон го заменува Лено

Од 2014-та Џими Фалон седнува во фотељата на Џеј Лено и станува домаќин на The Tonight Show, објавуваат Вол Стрит Журнал и Њујорк Тајмс.

Како група Кенијци го прелажуваат комплетно западно новинарство

Сомалиските пирати се една од најинтересните и најчудните стории за западните новинари. Проблемот е што ретко кој новинар има каква било врска кај пиратите, а и не дека пиратите можеш да ги препознаеш по папагал на рамо и дрвена нога.

Обои жолто

Жолтата боја на макароните остава впечаток дека тоа фино, здраво, не штеделе на јајца луѓето. А всушност  - жолта петка и жолта шестка се боите, кои обожава да ги користи глобалниот прехрамбен гигант Крафт. Од другата страна на фронтот, двајца блогери.

Зошто дождот мириса убаво?

Нема тука мистерија, науката го знае одговорот половина век – мириса убаво затоа што мириса на – масло.

Тобоганот од 300 милиони евра

Кога ќе биде завршен следната година, апартманот на неколку спрата на врвот на висококатница во Монако ќе биде најскапиот апартман на светот.

Најголемиот зелен бран во светот

Лос Анџелес стана првата метропола во светот во кој сите семафори се синхронизирани. Се што им требаше беа 3 децении и 400 милиони долари.

Мексиканците ја имаат зградата што му треба на Скопје

Користејќи нов вид на фасада кој ги претвора хемикалиите од смогот во помалку токсични супстанци, Torre de Especialidades зградата во Мексико сити помага во уништување на смогот во градот.

Падот на секс сцените

Холивуд систематски се откажува од сексот во филмовите, за сметка на се повеќе насилство и животни што зборуваат.

Гугл бара да не го ставаме секогаш во уста

Сигурно некогаш вие или некој до вас рекол: "Ја знам неа, ја гуглав" или "Јасен ми е проблемот, сум го гуглал". Е па, на Гугл му пречи тоа.

Дали голотијата секаде е исто гола?

И покрај разликата на темите, машките и женските списанија најчесто следат иста формула, која во основа се базира на сериозно еротизирани слики од жени.

Како се избива песна од глава

Феноменот на песна/рефрен која ти влегува во уво и цел ден те прогонува одамна ги копка оние што го истражуваат човечкиот мозок и психологија. Сега велат дека постои начин да го протераш ваквиот несакан аудио вирус.

10 работи што некогаш може ќе ги имате по дома

Во Њујорк минатата недела заврши Architectural Digest Home Design Show, саем за се од кујни и плакари до ѕидови кои ќе ве чинат цело богатство.

Романсата во 21-от век низ статистика

Непознати количества секс пропаѓаат во клисура широка - две излегувања. Машките го очекуваат на третото, женските би почекале до петтото.

Награда за преку к...

Бил Гејтс за вас има награда од 100.000 долари ако успеете да го одушевите со концепт кој ќе го подобри светот на кондомите.

ОК прослави роденден

Точно пред 174 години се роди фраза која е еден од најраните примери за вирално ширење на зборовите. Одиме на повеќе, ок?

И автомобилите со налепници дека се штетни по здравјето?

Загадувањето од сообраќај денес создава подеднакво голем број на астматичари меѓу децата како и пасивното пушење, покажува истражување во 10 европски градови.

Хотел што се јаде

Затоа што како нација последен успех на оваа тема ни е да банкротираме олл-инклузив хотели, од Лондон доаѓа нов предизвик - хотел што можеш да го изедеш.

Папата ќе љуби нозе на деликвенти

Франциско за следниот четврток најави досега невиден гест: предвелигденската миса нема да се одржи во вообичаените базилики туку во центар за малолетни  деликвенти каде што ќе им ги измие и ќе им ги бакне нозете на 12 малолетници кои се огрешиле од законот.

Држи плата!

Канадската Felice News се претставува како најголемата и најпопуларната медиумска организација за ширење позитивни вести. Толку се позитивни што новинарите, наместо со плата е наградуваат со - да пукне!

Стонси за 5 милиони долари

Годинава Ролинг Стоунс тргаат на својата прва турнеја од 2007-ма која нема да биде ниту "проштална," ниту "последна," ниту "за пензионирање". Се што бараат Стонси се 5 милиони долари од концерт.