Тектонски промени во родовите односи забележала компанијата Крафтсман, чие истражување покажало дека жените ги земаат работите во свои раце, на начин на кој мрзливите мажи не би можеле да се пожалат.
Крафтсман со децении е една од омилените машки брендови бидејќи е компанија која изработува секаков вид алат за по дома: бор машини, пили, шрафцигери, пумпи, цвик цангли, клешти, брусалици, косачки и друг алат за бавчи, за поправки на електрични и водоводни системи, се што може да ви текне како корисна играчка за домашни хаузмајстори.
Последното истражување им покажало дека тие се омилениот бренд кај жените, кои го преферираат Крафтсман пред шопинг лудилото Амазон или слаткиот грев М & M.
Во игра биле 10 познати американски брендови и Крафтсман кај жените постигнал убедливо најголем скор на лојалност.
Една од тајните на успехот на овој бренд е тоа што за своите производи нудат доживотна гаранција.